Божиќната реклама на компанијата „Морисон“ – „Фармерот Дедо Мраз“ – им оддава почит на земјоделците кои напорно работат цела година за да го направат овој период од годината толку посебен и да ни ја обезбедат храната во која ќе уживаме со најблиските.
Во рекламата две пријателчиња ја истражуваат фармата на Северниот Пол, прикрадувајќи се во различните работилници каде што месарите, пекарите, продавачите на риби и цвеќарите подготвуваат вкусни сезонски задоволства. Дечињата се изненадени кога ќе го здогледаат фармерот Дедо Мраз наместо на санки и ирваси во камиони „Морисон“.
„Рекламата има за цел да ја прослави и прикаже целата напорна работа, вештина и посветеност што се одвива за да се обезбеди храна за Божиќ како и за целата годината – од сите британски фармери и одгледувачи со кои работиме директно, до нашите 105.000 колеги со кои доставуваме, складираме и подготвуваме свежа празнична храна за да им донесеме на нашите клиенти божиќна гозба за нивната трпеза“, рече Рејчел Ејр, маркетинг директор во Морисонс.
„Во годината кога целата нација се вљуби во огромните напори што британските фармери ги прават секој ден за да носат храна на нашите трпези, се чинеше дека е совршен момент да ги славиме нашите херои од полето и фармата“, изјави Дејв Монк, извршен креативен директор во Publicis Poke
