Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утрово најстудено и со најмногу снег на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија и Гевгелија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Утрово најстудено и со најмногу снег на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија и Гевгелија
Агропрогноза

Утрово најстудено и со најмногу снег на Попова Шапка, најтопло во Демир Капија и Гевгелија

Објавено 05/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Утрово до 7 часот со – 2 степени Целзиусови е најстудено на Попова Шапка, со снежна покривка во висина од 40 сантиметри, додека 8 степени се измерени во Демир Капија и Гевгелија.  

Во Маврови Анови и Лазарополе се измерени – 1 степен, во Крушево 1, 2 во Берово, 3 степени во Дебар, 4 во Тетово, Претор, Битола, Прилеп и во Куманово, 5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка, Охрид, Штип и Виница, 6 Кавадарци и 7 степени во Струмица. 

Во изминатите 24 часа, како што соопштија од УХМР, најмногу дожд имало во Битола, Пожаране, Маврови Анови и Попова Шапка со 4 литри на метар квадратен, 3 во Тетово, Претор, Гевгелија, Крушево, 2 во Прилеп и Кавадарци и 1 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, Берово, Пожаране и Лазарополе.

Висината на снежната покривка е 37 сантиметри во Маврови Анови, 18 во Крушево и 5 во Лазарополе.

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини (Прилеп и Струмица) има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од променлив правец. Утринава пороен дожд има во Битола, а врне и во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:најстуденоПопова Шапкаснегутрово
Претходен напис Намалена видливост поради магла на Плетвар, снег провејува на Попова Шапка, Стража и Маврово
Следен напис Белгиските земјоделци ги затворија границите со Германија и Франција во знак на протест против договорот на ЕУ со земјите од Меркосур
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?