Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утре второ авионско прскање против комарци во Куманово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Утре второ авионско прскање против комарци во Куманово
Агровести

Утре второ авионско прскање против комарци во Куманово

Објавено 04/08/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Второто авионско прскање против возрасната форма на комарци на подрачјето на општина Куманово ќе биде спроведено утре, (5 август) со почеток во 5 часот, информираа денеска од општината. Третманот ќе се изврши на површина од 1.270 хектари, а ќе бидат опфатени теченијата на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје, како и просторот околу пречистителната станица на ЈП „Водовод“ во селото Добрашане.

-При третманот ќе се користи препаратот „Aqua Perm-X 30-30“- наведуваат од општината.

Од  таму апелираат пчеларите навреме да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства. Доколку временските услови бидат неповолни, авионското прскање ќе се реализира првиот нареден ден кога ќе има услови за негово безбедно спроведување.

За услугите за дезинсекција, дератизација и третмани против крлежи, лебарки, комарци и глодари, кои се спроведуваат неколку пати во текот на годината, Општина Куманово годинава од општинскиот буџет издвои 1.112.400,16 денари. Дополнително, преку посебен тендер за авионска дезинсекција е ангажирана компанија, за што се обезбедени уште 1.569.376,40 денари.

МИА

Може да ви се допадне

Водата во Дојранско Езеро одлична за капење според микробиолошките индикатори
Првото натпреварување во рачно косење во Делчево собра повеќе од 20 косачи – организаторите најавуваат нова традиција
Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
Поевтинуваат бензините, поскапуваат дизелот и Екстра лесното масло
Појасни етикети за месото – ЕУ ги менува правилата во месната индустрија
Таг:авионско прскањеВторокомарциКуманово
Претходен напис Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
Следен напис Првото натпреварување во рачно косење во Делчево собра повеќе од 20 косачи – организаторите најавуваат нова традиција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?