Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утре во Белград почнува меѓународниот саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“- Премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на Македонската вечер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Утре во Белград почнува меѓународниот саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“- Премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на Македонската вечер
Саеми и манифестации

Утре во Белград почнува меѓународниот саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“- Премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на Македонската вечер

Објавено 31/08/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, утре во Белград почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“. Саемот ќе трае до 4 септември, ќе има повеќе од 330 изложувачи од 22 земји од кои 233 од државите членки на Отворен Балкан, а на отворањето ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама.

Северна Македонија под слоганот „Вкуси го животот” на Саемот ќе учествува со 42 винарии и три дестилерии кои ќе промовираат преку 300 различни вина и ракии, како и со производители на храна кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна. Предвидено е и одржување на „Македонска вечер” чиј домаќин ќе биде премиерот Ковачевски. На „Македонската вечер” пред претставници на бизнис заедниците и владите од Србија, Албанија и Северна Македонија, ќе се промовираат македонски вина, храна, музика и туризам, а за музичкиот дел е задолжен виртуозот Влатко Стефановски. -Учеството на Саемот за домашната економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските храна и вина.

Истовремено, преку Саемот ќе се обезбеди силна и ефективна промоција на туристичките капацитети на Северна Македонија и привлекување нови туристи пред се од регионот, но и пошироко. Саемот е можност и за вистинска промоција на културолошките и идентитетските обележја, традиции и обичаи, македонските фолклор, музика и кујна, но и на обележјата на сите други заедници кои живеат во земјата и останатите национални вредности, велат од Владата. Според премиерот Димитар Ковачевски, Саемот ќе биде можност да се поврзат винските патишта на Балканот, да се соберат најдобрите винарии и да се поразговара за развој на потенцијалот на винската индустрија, како и за можноста за учество на светските пазари.

Македонската туристичка понуда, претставена преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, ќе биде фокусирана на македонскиот ено-гастро туризам (туризам базиран на вино и храна), националните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналинскиот туризам. „Винска визија на Отворен Балкан” ќе понуди богата програма која вклучува дегустации на вино, натпревар „Трофеј на виното на Отворен Балкан“ 2022 година, едукативни еснафски работилници, дискусии за потенцијалот на винската индустрија на Балканот, можности за зголемено учество на светските пазари, како и средби меѓу претставници на производителите и откупувачите со цел проширување на економските потенцијали за компаниите и за економиите од регионот.

Стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи како и храна од српската и албанската кујна подготвена од српски и албански врвни готвачи. Ќе биде организирано и меѓународно оценување на виното од 25 меѓународни судии, а пет од нив се носители на најпрестижната титула во светот на виното – master of wine. Во исто време ќе се одржи и традиционалниот лидерски политички самит на Отворен Балкан предводен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама. Како што соопшти српската Влада, официјалната церемонија на отворањето на „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи утре, на 1 септември, во 13 часот на Белградскиот саем, во Хала 1. На 2 септември е предвиден политичкиот дел од Иницијативата Отворен Балкан, а вечерта премиерот Димитар Ковачевски ќе ја приреди „Македонската вечер“. Според податоците од Белградскиот саем, утре, на денот на отворањето, „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде отворен за посетители од 16 до 20 часот, во петок и сабота од 12 до 20 часот, а во недела од 12 до 19 часот.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена
Во изградбата на дистрибутивниот центар на Лидл се користат придобивките од Отворен Балкан за слободно движење на работна сила
Таг:„Винска Визија на Отворен Балкан“отворен балкан
Претходен напис Времето денеска променливо и нестабилно, попладне повторно дожд, грмежи и ветер
Следен напис Привремено се укинуваат царински стапки за млеко и павлака
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?