Од Министерството за земјоделство информираат дека утре, (среда) 17.03.2021 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, ќе присуствува на отворање на откупен пункт на тутун во Црнилиште.
Со добра организација, за три дена можат да се откупат вишоците тутун кои изнесуваат околу 1.500 тони, изјави вчера министерот за земјоделство, шумарство и стопанство Арјанит Хоџа.
Според министерот, измените на Законот веќе стапија во сила поради што откупот може да продолжи уште денеска.
Тој, како што информира, имал средба со откупувачите кои искажале подготвеност да ги преземат вишокот количини.
-Дневната динамика на откупот е околу 400 до 500 тони и поради тоа верувам дека за три дена може да се откупи вишокот. Работата е само да се воспостави добар систем. Убеден сум дека проблемот ќе го решиме и очекувам тоа да биде на најбезболен начин, со учество на сите откупувачи. Но ако тие не учествуваат во решавањето на проблемот, ние како држава имаме обврска и ќе го решиме проблемот – изјави Хоџа по работилницата за климатските промени во земјоделството.
