Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате:  Усвоени Фискалната стратегија 2025-2029 и Стратегијата за управуање со јавен долг
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести >  Усвоени Фискалната стратегија 2025-2029 и Стратегијата за управуање со јавен долг
Агровести

 Усвоени Фискалната стратегија 2025-2029 и Стратегијата за управуање со јавен долг

Објавено 02/10/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на последната седница ги усвои Фискалната стратегија за период 2025-2029 и Стратегијата за управување со јавен долг за 2025-2027 со изгледи до 2029 година, соопшти Министерството за финансии (МФ).

Овие документи, според МФ, се стратешки и ја исцртуваат на среден рок патеката по која ќе движи фискалната политика.

-Ваквото среднорочно планирање овозможува поголема предвидливост и транспрентност во креирањето на политиките. Целта на фискалната политика согласно усвоената Стратегија во наведениот период е подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност. Тоа ќе се осtвари преку  постепена фискална консолидација, подобрување на управувањето на јавните финансии и одржување на високо ниво на капитални расходи. Истовремено ќе се продолжи и со поддршка на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти, редизијанирање на структурата на јавните финансии во која ќе доминира високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспареноста и отчетноста, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и додаде дека особен фокус ќе биде ставен на намалување на неформалната економија и поголема наплата на приходите во буџетот.

На среден рок, со фискалната политика се предвидува етапна фискална консолидација, притоа, буџетскиот дефицит е намален како процентуално учество во БДП. Исто така, ќе се преземат мерки за фискална консолидација, со цел постигнување умерено ниво на задолженост.

Со усвоената Стратегија за управување со јавниот долг на среден рок се утврдува рамката за дејствување на Владата во насока на прудентно управување со јавниот долг на државата, а притоа да се остварат целите на политиката за управување со јавниот долг за финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок, идентификација за следење и управување со ризиците и развој и одржување ефикасен домашен финансиски пазар.

Главна цел на управувањето со јавниот долг е да овозможи потребите и финансиските обврски на државното финансирање да можат да се извршат со најниски трошоци на среден и долг рок, со прифатливо ниво на ризик. Со цел да се задржи нивото на јавниот долг во одржливи рамки, без да се наруши фискалната одржливост, со Стратегијата се утврдуват лимити на вкупниот јавен долг на среден и долг рок. Така согласно проекции во 2024 година на крајот тој ќе достигне ниво од 66,4 % и во наредните години постепено ќе се намалува како резултат на постепената фискална консолидација и во 2029 година ќе биде под утврдениот лимит од 60% од БДП. Исто така, со цел намалување на ризикот од  висината на издадените гаранции се дефинира лимит на издадени гаранции и акцент се става на проекти коишто се самоодржливи и генерираат приходи, поддржуваат економски раст и овозможуваат поголема конкурентност на домашанта економија на среден рок.

Главна цел на управувањето со јавниот долг согласно Стратегијата е да овозможи потребите и финансиските обврски на државното финансирање да се извршат со најниски трошоци. При тоа една од основните цели во управувањето со јавниот долг е да се овозможи развој на домашниот пазар на државни  хартии од вредност со што ќе се создадат услови за намалување на ризикот од рефинансирање на долгот, резистентност на екстерни шокови и обезбедување долгорочна одржливост на долгот.

МИА

Може да ви се допадне

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
Таг:јавен долгуправуањеУсвоениФискалната стратегија
Претходен напис „Текстилијада 8“ почнува од утре
Следен напис Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?