Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
Агровести

Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците

Последна измена: 02/10/2024 13:24
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Наследивме целосно девастирано Министерство, во долгови, неисплатени плати, заостанати субвенции, целосно закочени проекти и сериозни сомнежи за криминал на претходното раководство. Наследивме хаос и тотално безредие, но изговори не смее да има. Наша обврска е да ги подобриме работите. Ова е Влада на земјоделците, ќе докажеме дека тие се нашиот партнер и заедно ќе ги креираме агро политиките, рече денеска ресорниот министер Цветан Трипуновски на прес-конференција по повод сработеното во изминатите 100 дена.

Според него, сто дена е мал период за Владата да покаже дека е насочена кон решавање на проблемите на земјоделците.

-Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на македонските земјоделци. Мој фокус се нивните барања, нивниот подобар и покавлитетен живот. Остануваме 100 отсто посветени, одговорно и домаќински да работиме во интерес на земјоделците, подвлече Трипуновски.

Осврнувајќи се на досега реализираните одлуки и решенија, потсети дека на првите владини седници беше донесена Одлука за исплата на преку 600 милиони денари заостанати субвенции. Продолжува, рече министерот, редовното сервисирање на подршката, а конечно, по седум години, откупната цена ја договараат земјоделците и откупните центри.  

-Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна. Земјоделците беа демотивирани од откупните цени и од негрижата на минатат власт, земјоделските производи завршуваа на буниште, истакна Трипуновски.

Подвлече и дека со ребалансот на Буџетот се обезбедија 350 милиони денари за вработените во „Македонски шуми“ и АД „Водостопанство“ кои беа оставени без четири плати, дека се склучија два договора за порибување на Охридското Езеро, дека се поделија договори за одгледување и заштита на ловиштата, договори за поддршка на локални настани и саеми, како и договори за закуп на државно земјдоелско земјиште. 

Трипуновски најави и дека ќе проодлжи контролата на шумската полиција.

-Ја враќаме довербата на земјоделците во институциите, институциите да работат согласно законските овластувања, да имаат земјоделците на кого да се потпрат во делот на решавање на проблемите, меѓутоа исто толку важно е и во делот на креирањето на идните мерки. Нашата цел во наредниот период до завршување на календарската година е заедно со земјоделците од сите сектори да ги креираме програмите, мерките и условите за работа што ќе значи сериозен старт на 2025 година. Ситуации како во производството, на неисплатени субвенции, лоша земјишна политика, многу проблеми во делот на водостопанството треба да бидат минато и ќе бидат минато. Ние сериозно, од почетокот на идната година, ќе превенираме вакви ситуации за Македонија повторно да биде она што некогаш беше, земјоделска држава со квалитетно и квантитетно земјоделско производство, потенцира Трипуновски.

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:достоинствотоземјоделцитеобврзуваметрансформацијаТрипуновски
Претходен напис  Усвоени Фискалната стратегија 2025-2029 и Стратегијата за управуање со јавен долг
Следен напис Зимска заштита на овошките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?