Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Текстилијада 8“ почнува од утре
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Текстилијада 8“ почнува од утре
Агровести

„Текстилијада 8“ почнува од утре

Објавено 02/10/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ова ќе биде една од најголемите „Текстилијада 8“ и по обем на настани, број на активнисти, истакна на денешната прес-конференција Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. „Текстилијадата“ почнува од утре, кога гостите од Шведска ќе имаат можност да се запознаат со капацитетите на Штип како текстилен и универзитетски град.

Официјалното отварање на „Текстилијадата“ е во петок, на кое ќе присуствува Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, истиот ден на дебата ќе присуствува и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Ампева посочи дека во петок че се откриие и скулптурата кај ООУ „Ванчо Прќе“, кое е дело на познатиот македонски вајар Никола Смилков. Во програмата се планирани панел дискусии, гости од државата и странство и можост да се подигне свеста кога е во прашање текстилната индустрија.

-Ова ќе биде една од најголемите „Текстилијади“ и по број на активности и по квалитет на програма. Овде се и панел дискусиите и на наше големо задоволство претседателката Гордана Силјановска-Давкова ќе го отвори настанот, вели Ампева.

Таа додаде дека на „Текстилјада 8“ ќе има четири панел дискусии, на кои најавено е дека ќе присуствуваат претставници и директори на институции и ќе се дебатира како да се подобри соработката, но и да се почитуваат работничките права.

На „Текстилијада 8“ ќе има и низа на културни настани. Благојче Дишоски од „Гласен Текстилец“ истакна дека беше распишан и литературен конкурс на тема „човекови права“, а пристугнале околу 30 творби.

Во програмата е вметната и кратка аудио визуелна театарска престава, а ќе биде откриена и скулптурата „Зашиени емоции“. Традиционално како и секоја година е изработен и весник „Текстилец“ посветен на вредните луѓе од текстилната и кожарската индустрија.

-На самите маргини од овогодинешната „Текстилијада“ ќе ги имаме и изложбата на стрипот „Гласна синдикалка“. Имаме за цел да им прикажеме на работниците дека им е потребна на некој начин херојка за нивна организација, изјави Дишоски.

Годинава во „Текстилијада 8“ се вклучува и Општина Штип. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова на денешната прес-конференција рече дека во петок ќе се реализира и форум на градоначалници на кои ќе говарат градоначалници од општини во кои главно е застапена текстилната индустрија.

-Во однос на „Текстилијадата“ сакам да кажам дека општината ќе биде активно вклучена во текот на целиот настан, затоа се поканети гости од АКТЕ, а ќе учествуваме и во еден форум на градоначалници, вели Шорова-Ангелова.

Токму ваквата соработка со членките на АКТЕ придонесе годинава општината да организира и Денови на модата, да ги претстави брендовите на штипските компании, но и креациите на младите дизајнери и студенти.

-Општина Штип како и останатите Општини кои беа дел од организацијата ги имаат истите предуслови за развој на текстилната индустрија. Тоа значи дека во најголем дел од овие градови имаат и средно текстилно училиште, имаат и академии и факултети во областа на текстилната индустрија и тоа се основните предуслови за развој на оваа индустрија. Ние ги имаме сите основи за овозможување на развој за овој сектор, вели Шорова-Ангелова.

 Во рамки на членството во Штип во АКТЕ се организираа и штипските модни денови. Се работи и на заеднички проекти за справување со текстилниот отпад.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:почнуваТекстилијада 8утре
Претходен напис Намалување на количините вода за Тетово, дефект во системот пријавен во полиција
Следен напис  Усвоени Фискалната стратегија 2025-2029 и Стратегијата за управуање со јавен долг
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?