Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Успешно завршена сезоната за наводнување од хидросистемот Брегалница, во акумулацијата Калиманци останаа резерви од 30 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Успешно завршена сезоната за наводнување од хидросистемот Брегалница, во акумулацијата Калиманци останаа резерви од 30 отсто
Шумарство и водостопанство

Успешно завршена сезоната за наводнување од хидросистемот Брегалница, во акумулацијата Калиманци останаа резерви од 30 отсто

Објавено 19/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Успешно е завршена сезоната за наводнување на земјоделското земјиште во Брегалничкиот регион кое ги користи водните ресурси на хидросистемот „Брегалница“. Во текот на пролетта и во летниот период испорачани се над 100 милиони кубни метри вода, од што најголем дел за потребите на оризовите површини во Кочанско, но и за полињата во Штипско, Пробиштипско и Светиниколско.

При денешната теренска посета на водостопанската подружница „Брегалница“ во Кочани, извршниот директор на АД Водостопанство, Љокман Љимани нагласи дека успешната сезона е резултат на ангажманот на сите вработени.

-Ги сумиравме резултатите и тие се повеќе од задоволителни. Подготовката на хидросистемот беше навремена, со рачно и машинско чистење на одводните канали, крпење на доводните канали, чистење на решетките од отпадни материјали, санација на цевки и искршени каналети и многу други теренски активности од страна на вработените во Подружницата. Со својата посветеност тие исчистија вкупно 227 илјади метри каналска мрежа. Наводнувањето го почнаа навремено, на 14 април, со искористување на проточната вода од реките Брегалница и Зрновка, а од браната Калиманци водата беше пуштена во десниот магистрален канал на 29 април. Сакам лично да им заблагодарам на сите вработени, што и покрај тешкотиите со кои се соочи АД Водостопанство, во текот на летниот период тие не ги оставија земјоделците без вода, а свесни за важноста на наводнувањето во процесот на земјоделското производство, овозможуваа непречено водснабдување до крајните корисници, истакна директорот Љимани.

И покрај зголемената испорака за наводнување од хидросистемот Брегалница во изминатите пет месеци, обезбедена е солидна заштеда на вода што ќе го олесни планирањето за наредната година.

-По завршувањето на наводнителната сезона, во акумулацијата Калиманци останаа 35 милиони кубни метри вода. Тоа е една третина од вкупниот нејзин капацитет. Очекуваме во текот на есенските и зимските месеци да има доволно врнежи и доток на вода, со што ќе можеме да го достигнеме максимумот од 115 милиони кубни метри, истакна Благојчо Богатинов, в.д. директор на водостопанската подружница „Брегалница“.

Од водостопанската подружница од Кочани нагласија дека во текот на летото само за подрачјето на Овче Поле биле испорачани 49 милиони кубни метри вода, а во полињата околу Брегалница уште 46 милиони. Испораката е поголема за десетина милиони кубни метри во однос на планираното, што е дополнителна потврда за успешно завршената сезона.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:Калиманцихидросистем брегалница
Претходен напис Се воведува забрана за убивање на машки пилиња во ЕУ – Што значи тоа за пазарот?
Следен напис Конкурентна фиксна цена на струјата за прехранбената индустрија од 1 декември
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?