Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се воведува забрана за убивање на машки пилиња во ЕУ – Што значи тоа за пазарот?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се воведува забрана за убивање на машки пилиња во ЕУ – Што значи тоа за пазарот?
Агровести

Се воведува забрана за убивање на машки пилиња во ЕУ – Што значи тоа за пазарот?

Објавено 19/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија ќе предложи постепено укинување на систематското убивање на машките пилиња низ Европската Унија, изјави комесарката за безбедност на храна Стела Киријакидес на состанокот на министрите за земјоделство на ЕУ, пишува Еурактив.

„Сакам да предложам постепено укинување на оваа практика“, најави Киријакидес и ги повика земјите од ЕУ да ги поддржат овие напори.

Милиони машки пилиња се убиваат секоја година веднаш по испилувањето, бидејќи тие се несоодветни за производство на месо и индустријата ги смета за комерцијално бескорисни. Оваа практика беше критикувана од активисти кои се борат за правата на животните и означена како неетички поради начинот на кој се убиваат – со мелење или задушување со гас. Коментарите на Комисијата дојдоа како реакција на поканата поднесена од Германија и Франција, а поддржана од Австрија, Белгија, Кипар, Финска, Ирска, Луксембург и Португалија. Значи девет земји побарале укинување на оваа практика. Германија и Франција го забранија на национално ниво од почетокот на оваа година, а неодамна оваа забрана ја воведоа и Австрија и Луксембург.

Земјите членки го поддржаа предлогот, но неколку го покренаа прашањето дека наметнувањето забрана за убивање машки пилиња во ЕУ може да значи преместување на проблемот на друго место – надвор од нејзините граници. Тие апелираа забраната да важи за сите производи на европскиот пазар, домашни и увозни, за да се одржи производството на храна во Европа.

Поради оваа причина, членовите и предложија на Комисијата да спроведе детална проценка на влијанието пред да предложи постепено укинување на ниво на ЕУ. Киријакидес најави дека Комисијата ќе го земе предвид економскиот контекст и ќе вклучи таква студија во нејзината тековна проценка на влијанието, како дел од ревизијата на законодавството на ЕУ за благосостојбата на животните.

Алтернативен метод

Паралелно се бараат алтернативни методи кои би овозможиле решавање на овој проблем. Економски е неисплатливо да се користат машки пилиња за производство на месо поради слабиот прираст.

Наместо да се мелат и да се задушуваат со гас, постои скапо техничко решение „in-ovo sexing“, кое им овозможува на производителите да го откријат полот на пилињата пред да се изведат и на тој начин да ги спречат машките пилиња воопшто да се изведат.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еупилиња
Претходен напис Помал извоз од Русија, поплави во Австралија, суша во Аргентина – Каква е ситуацијата со житарките во светот?
Следен напис Успешно завршена сезоната за наводнување од хидросистемот Брегалница, во акумулацијата Калиманци останаа резерви од 30 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?