Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Успешна промоција на македонските компании на саемот АГРО Белград 2023 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Успешна промоција на македонските компании на саемот АГРО Белград 2023 година
Саеми и манифестации

Успешна промоција на македонските компании на саемот АГРО Белград 2023 година

Објавено 27/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делегација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предводена од ресорниот министер Љупчо Николовски, вчера учествуваше на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство АГРО Белград 2023 година.

АГРО Белград претставува водечки саем за производителите на овошје, зеленчук и вино во регионот, каде се вмрежуваат реномирани домашни, регионални и светски компании и купувачи, создавајќи нови контакти меѓу себе, информира од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Производители на свежо, замрзнато и преработено овошје, зеленчук и грозје, потоа земјоделски машини од популарни брендови, системи за наводнување, системи за градобијна заштита, расадници, семенски и хемиски компании, како и други компании што ја покриваат областа на земјоделството, се само дел од над 500 излагачи од регионот и светот, кои учествуваат на годинешниот саем АГРО Белград 2023 година. На македонскиот штанд, во рамки на годинешното саемско издание, се претставија повеќе реномирани македонски компании, преработувачи на овошје, зеленчук и производители на вино, финансиски поддржани од Министерството. Посетителите на саемот имаа можност да ги вкусат убавото македонско вино, традиционалниот македонски ајвар, но и другите производи изложени на нашиот штанд, се наведува во соопштението.

Министерството, преку програмата за рурален развој, обезбеди финансиска поддршка за учество и реализација на 50 домашни и 15 меѓународни манифестации за промоција на македонските земјоделски производи и пијалаци.

Николовски и министерката за земјоделство во Србија, Јелена Танасковиќ, упатија порака за уште позасилено темпо на меѓусебна соработка, гарантирајќи им на граѓаните во двете држави, сигурна снабденост со храна.

– Република Северна Македонија и Република Србија имаат одлична меѓусебна соработка, како во делот на меѓусебните договори и протоколи, така и во делот на трговската размена. Иницијативата „Отворен Балкан“ се покажа како добра и исправна одлука во вистинско време, која веќе ги дава своите резултати. Како соседни држави, на дело ја покажавме солидарноста, човечноста и меѓусебната соработка во време на прехранбената, економска и енергетска криза. Важен е и конференцискиот дел во рамки на саемот АГРО Белград, кој оваа година опфати актуелни теми од областа на овоштарството, градинарството и лозарството. Една од главните теми на конференцискиот дел, бeше справувањето со климатските промени и нивното влијание врз промените во производството на овошје и зеленчук, се додава во соопштението.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:Агро белград 2023
Претходен напис Времето денеска облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег
Следен напис (ВИДЕО) На светската сцена на моќни трактори доаѓа Big Bud 640
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?