„Белото чудовиште“ се враќа на светската сцена на моќни трактори. Најмоќниот во светот, Big Bud 16V 747 е произведен во 1977 година. Има над 1.000 KS. Американскиот производител Big Equipment најави дека во март ќе го претстави новиот 640 Big Bud и со тоа ќе го продолжи производството на овие машини.
Производителот „Williams Big Bud“ помеѓу 1969 и 1991 година ги произведуваше светски познатите трактори. После тоа имаше застој, во периодот меѓу 2009 и 2020 година, поради проблеми со гумите. Пред три години Titan Tyres ја опреми џиновската машина со нови гуми Optitrac 1400/30R46 и ја врати на терен. Пазарот добро реагираше на ова подобрување.

Big Equipment во соработ со Rome Agricultural and Construction Equipment работат на новиот проект. Тие најавија дека ќе го претстават новиот модел на саемот Conexpo-CON/AGG во Лас Вегас во текот на март.
Неговата тежина е околу 32 тони. Опремен е со компоненти на Caterpillar, додека 18-литарскиот C-18 мотор испорачува 640 до 750 КС. Рамката на машината е дебела нешто помалку од 4 cm. Ги има најголемите и најтешките осовини Cat 988 HD што некогаш биле користени на трактор.
Возењето го обезбедува Cat TA22 HD 18-брзински powershift менувач. Клиентите имаат различни опции за гуми, вклучувајќи ги и Titan LSW 1100/45 R46c широки 1,1 m.
И покрај тоа што е голем трактор, 640 Big Bud е едноставна машина и секој земјоделец, механичар и дистрибутер треба да може сам да го поправа и да има неограничен пристап до компонентите.
Неговиот производител наведува дека многу земјоделци во САД се фрустрирани затоа што не можат сами да ги поправаат своите трактори и наместо тоа мора да се потпрат на одреден производител или дистрибутер за сервисирање, делови и поправки.
Како изгледа постариот модел, погледнете во видеото:
