Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од Европската Унија, ги поканува подобните земјоделски задруги да учествуваат на „Повикот за финансиска поддршка на земјоделски задруги“ бр. 1/ЗАМ/2020 финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.
Целта на проектот е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на земјоделските задруги, како и поддршка на соработката на земјоделците преку поддршка на земјоделските задруги во насока на зголемување на економските резултати, маркетинг можностите и продуктивноста на целиот земјоделски сектор.
ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Висината на бараниот грант од проектот е ограничена на најмногу 80% од вкупниот износ на инвестицијата и до максимален износ на грантот од 40.000 (четириесет илјади) евра.
Апликантот треба да ко-финансира најмалку 20% од вкупниот износ на инвестицијата од сопствени или од други извори.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
Право на учество имаат земјоделски задруги кои:
- се регистрирани во надлежните регистри на земјоделски задруги во Централниот регистар на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот од 30.6.2018 г. до крајниот рок на овој повик;
- имаат најмалку 60% членови кои се жени или кои се лица на возраст до 40 години;
- претходно не биле поддржани во рамките на проектот.
ПОДОБНИ ИНВЕСТИЦИСКИ АКТИВНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
Финансиската поддршка може да се искористи за економски изведливи инвестиции на земјоделските задруги кои го зголемуваат нивното оперативно управување, маркетинг и годишен приход и креираат нови синџири на вредности. Видовите на подобни активности кои можат да бидат предмет на финансиска поддршка се следните:
Инвестиции во производствени капацитет и активности:
- Заеднички капацитети за преработка/производство, вклучувајќи работи како што се (ре)конструкција на објекти;
- Подобрување на инфраструктурата (пристап до електрична енергија, водоснабдување, патишта, итн.), модернизација на објекти, подобрување на производството и натамошна специјализација на производството;
- Подобрување на технологијата, вклучувајќи производство на садници, органски, географски индикации, заштита на биодиверзитетот;
- Зелени деловни решенија, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на енергетска ефикасност и заштита на животната средина прифатени во пост-бербени активности;
- Инвестиции во други активности, капацитети и опрема поврзани со стимулирање на продуктивноста на земјоделските задруги.
Пред и пост-бербени инвестиции како што се ладилници, преработувачки единици, линии за пакување:
- Инвестиции во машини за пред и по берба;
- Инвестиции во опрема / машини за одгледување;
- Инвестиции во ракување, складирање, пакување, обработка, транспорт, логистика и други сродни капацитети и опрема;
- Системи за наводнување, користење на геотермални извори на енергија, механизација за собирање на култури и слични инвестиции;
- Производство на садници;
- Други пред и пост-бербени инвестиции за стимулирање на продуктивноста на земјоделските задруги.
Инвестиции за логистички процеси:
- Ракување и логистички капацитети, и разладни транспортни капацитети;
- Инвестиции во дистрибутивни центри и процеси;
- Складишни капацитети и технологија, ладење;
- Специјализирани машини, транспортни / логистички возила и опрема.
Инвестиции во маркетинг стратегии и активности (со цел да се зголемат можностите на пазарот), вклучувајќи:
- Стратегии за заеднички маркетинг, комуникација, брендирање на членовите на задругите;
- Маркетинг на различни производни линии (заеднички или индивидуални) и инвестиции во пазарно-ориентирани иницијативи за скратување на синџирите на производство и продажба;
- Акции кои додаваат вредност на резултатите на задругите, намалување на логистичките трошоци преку економии на обем и проширување на можностите на пазарот;
- Сервисен маркетинг, заеднички извоз / увоз и продажба, практични решенија за препознавање на брендот, поголема ефикасност;
- Анализа на пазарот за набавка на семенски материјал, добиток, храна, производи за заштита (пестициди и сл.), производство на домашен растителен материјал;
- Заедничко учество на различни земјоделски и економски саеми за промоција на задругите, производство на нивните членови.
Инвестиции поврзани со усвојување на стандарди за квалитет / механизми за заштита на квалитетот:
- HACCP процедури / стандарди и компатибилни капацитети;
- Усвојување на стандарди за квалитет, усвојување на шеми за заштита на квалитет PDO, PGI, традиционални производи, органско земјоделство, трошоци за сертификација;
- Развој на квалитетни производи (т.е. како што се географска ознака и органски производи; Органска сертификација, усвојување на механизам за заштита на квалитетот);
- HACCP систем за пакување;
- Обука, имплементација на GAP високи нивоа на контрола.
Инвестиции во активности за зајакнување на економската положба на земјоделците и решавање на конкретни прашања:
- Воведување на иновативни деловни решенија, повисоки преговарачки вештини, активности за олеснување на прогресивно проширување на членството;
- Скратен машински прстен и дистрибутивен синџир, воведување на намалување на трошоците;
- Вмрежување со други задруги, поттикнување на агро-туризмот;
- Подобрена продажба и директна продажба на трговците на мало, влијание врз продажните цени;
- Обуки, менторство и други активности со цел зајакнување на економската положба на земјоделците.
Нематеријални инвестиции доколку се директно поврзани со економските проекти на задругите:
- Ангажирање на експерти за консултантски услуги во конкретни области на земјоделството од интерес;
- Правна експертиза за преговарање и договарање (договори за купување и продажба);
- Ангажирање на експерти за подготовка на проекти за ИПАРД апликација и експертиза за и во текот на спроведувањето на програмата;
- Едукација за нови модели на производство, истражување и развој во специфични области на земјоделски процеси;
- Планирање и подготовка на материјални инвестиции.
Оперативни активности на земјоделските задруги:
- ИКТ опрема (за обезбедување и известување на членовите, учество на засегнатите страни во советите за земјоделска соработка, производни капацитети на членовите во согласност со постапките утврдени од МЗШВ);
- Трошоци за човечки ресурси во соодветно оправдани случаи.
ПОДОБНИ ТРОШОЦИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
Подобни трошоци се само реалните трошоци кои се директно поврзани со инвестицијата, вклучително и трошоците со кои се воспоставуваат ефективни механизми за обезбедување и осигурување на инвестицијата и нејзината целисходна и одржлива употреба.
Следните трошоци не се прифатливи:
- Индиректни трошоци;
- Придонеси во натура (непарични);
- Долгови и трошоци за сервисирање на долгови;
- Резерви за загуби или потенцијални идни обврски;
- Трошоци пријавени и финансирани од друг проект финансиран од Европската Унија;
- Набавка на земјиште или згради, освен кога тоа е неопходно за директно спроведување на активноста;
- Загуби од размена на девизи;
- Трошоци настаните пред склучување на договорот за финансиска поддршка;
- Други трошоци кои Договорниот орган ќе ги наведе како неприфатливи.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Инструкциите и обрасците за аплицирање можат да се подигнат во просториите на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на ул. Никола Парапунов бр. 41а, 1060 Скопје.
Инструкциите и обрасците за аплицирање се достапни и во електронска форма на следнава веб-страница www.zadrugi.mk.
Еден апликант може да поднесе само една пријава.
Пријавата треба да се состои од затворен плик на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „Не отворај“ и бројот на повикот „1/ЗАМ/2020“. Во средината на пликот треба да биде назначена точната адреса на договорниот орган:
Македонска развојна фондација за претпријатија
ул. „Никола Парапунов“ бр. 41а
1060 Скопје
и истиот не треба да содржи никаква ознака со која може да се идентификува испраќачот. Електронска верзија на апликацијата може да биде вклучена во пликот или да се испрати преку e-mail по барање на Договорниот орган.
РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Краен рок за пристигнување на пријавите е 31.3.2020 г. до 16.00 часот.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Обрасците за аплицирање може да се преземат од следниот линк: https://zadrugi.mk/wp-content/uploads/2020/02/Povik-za-finansiska-poddrska-1-ZAM-2020-1.docx
Секој апликант треба да ја достави следната задолжителна документација со која го пријавува својот интерес за учество во повикот:
- Пријава и изјава за изразување интерес (дадена во прилог);
- Бизнис план (бизнис планот задолжително треба да го следи форматот даден во прилог);
- Список на членови (даден во прилог);
- Копија од Решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства за секој член на задругата;
- Копија од Уверение за остварени приходи издадено од Управа за јавни приходи за секој член на задругата или копија од Годишна завршна сметка (за 2018 г.) издадена од Управа за јавни приходи доколку членот на задругата е правно лице.
Апликантите можат доброволно да достават и дополнителна документација доколку сметаат дека е нужна:
- Листа на доверливи информации. Доколку не се поднесе ваква листа, ќе се смета дека не се обезбедени доверливи информации;
- Документи кои се поврзани со инвестицијата како што се имотен лист, дозвола за градба, елаборати за изведливост и за животна средина, стандарди за квалитет, дозволи за извоз итн. Во случај на набавка на опрема, ова може да вклучи план за локација и начин на чување и користење од страна на членовите;
- Други документи по избор на апликантот доколку смета дека тие ќе придонесат во градењето на сликата за неговиот профил.
Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија потпишана од застапник на земјоделската задруга. Сите документи треба да бидат достапни во електронска форма по барање (особено финансиските податоци).
При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата, МРФП може да побара апликантите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
Апликантите се единствено одговорни за подготовката и поднесувањето на апликациите и регистрирањето на земјоделската задруга. Заинтересираните апликанти можат да побараат и техничка поддршка за подготовка на деловен (бизнис) план и за регистрација на земјоделска задруга. Барањето за техничка поддршка треба да се поднесе најдоцна до 10.3.2020 година на следнава адреса:
Македонска развојна фондација за претпријатија
ул. „Никола Парапунов“ бр. 41а
1060 Скопје
Напишете коментар