Со цел да се даде поддршка за граѓаните кои немаат сопствено живеалиште и на полесен и поевтин начин да го решат станбеното прашање, Министерството за финансии на РСМ ги подобри условите за субвенциониранитот станбен кредит „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“
-Обезбедени се значително пониски каматни стапки, кои достигнуваат и под 3%.
– Зголемена е висината на субвенциите кај некои од моделите.
– Предвидени се дополнителни субвенции за секое новородено или посвоено дете во рок од 10 години од земање на кредитот и тоа во висина од 30% од месечната рата.
Осовни услови за да можете да аплицирате на добивање станбениот кредит „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“ се следните:
- Месечните приходи и приходите на брачниот другар, заедно се треба да бидат ПОМАЛИ од 1.300 евра, или доколку не сте во брак, приходите треба да се ПОМАЛИ од 900 евра;
- Брачните другари да немаат друг стан или куќа;
- Брачените другари да немаатподигнато друг станбен кредит;
- Апликантите треба да одговараат на критериумите за добивање станбен кредит пропишани од деловната банка;
За овој кредит може да се аплицира во неколку категории и тоа: „Купи стан за млади под 35 години“, „Купи стан за возраст над 35 години“, „Купи куќа за млади под 35 години“, „Купи куќа за возраст над 35 години“, „Догради/надгради за млади под 35 години“ и „Догради/надгради за возраст над 35 г.“
Апликантите во било која од наведените категории ќе можат да одбрат помеѓу две опции и тоа:
- Опција „УЧЕСТВО“ каде што Владата ќе субвенционира во учеството за станбениот кредит и тоа во зависност од категоријата на кредитот, субвенцијата може да изнесува од 50- 80% од висината на учеството.
- Опција „РАТА“, каде што владата плаќа одреден процент од месечната рата за кредитот ( главнина и камата) ,во зависност од категоријата.
Постапка за аплицирање за СТАН:
- Пронајдете стан со цена до 900 евра за м2 (со вклучено ДДВ)
- Потпиши преддоговор со изведувачот или инвеститорот (станот мора да биде нов)
- Поднесете апликација во банка
Постапка за аплицирање за КУЌА:
1. Купите/обезбедете плац: Плацот може да се купи од општина или од приватно лице, или доколку доградувате/ надградувате куќа, склучете договор за пренос на право на градење со сопственикот на куќата
2. Обезбедете идеен и изведбен проект за куќа
3. Извадете градежна дозвола: Одобрението за градба се вади електронски и треба да гласи на име на барателот (https://www.gradezna-dozvola.mk/)
4. Склучете преддоговор со градежна фирма (доколку купувате веќе изградена куќа од градежна фирма, овој чекор се прескокнува)
5. Целокупната документација поднесете ја во банка
Напомена: големината на станот/куќата треба да биде помала од 150 м2.
Сите граѓани кои ги исполнуваат овие услови , можат да аплицираат во една од осумтте банки кои учествуваат во проектот: НЛБ банка, Стопанска банка Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка.
Сите подетални информации околу каматните стапки и конкретни примери околу висината на субвенциите можете да ги прочитате на следниот линк „Купи куќа купи стан“
Напишете коментар