Диверзификацијата е неопходна за развој, зголемување на вработувањето и одржлив развој на руралните средини, со што се придонесува за подобра територијална рамнотежа, како на економски така и на социјален план.
Една од специфичните цели на мерката 7 е развивање на не-земјоделски микро и мали претпријатија кои се базираат на локални ресурси и кои се поврзани со подобрување на квалитетот на живот во руралните средини.
Еден пд приоритетните сектори во ИПАРД програмата , мерка 7 спаѓа и секторот„Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци„
Во овој сектор спаѓаат следите инвестиции:
• Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
• Колачи, тестенини и пекарски производи;
• Чај и билни екстракти;
• Зачини и билки;
• Слатководна риба, ракови и мекотели и
• Други производи кои не се наведени во Листа на производи, а влегуваат во Анекс I на Договорот за фунционирањето на ЕУ. Листата на овие производи е дадена во следната табела:
| Бриселската номенклатура | Опис на производи |
| Поглавје 1 | Живи животни Поглавје 2 Месо и јадливи |
| Поглавје 2 | Месо и јадливи месни отпадоци |
| Поглавје 3 | Риби, ракови и мекотели |
| Поглавје 4 | Млечни производи; јајца птици; природен мед |
| Поглавје 5 | |
| 05.04 | Цревата, мочниот меур и желудници од животни (освен од риби), цели и парчиња од нив |
| 05.15 | Животински производи на друго место неспомнати или опфатени; мртви животни од Поглавје 1 или Поглавје 3, непогодни за човечка исхрана |
| Поглавје 6 | Живи дрвја и други растенија; луковици, корени и слично; сечено цвеќе и украсни лисја |
| Поглавје 7 | Зеленчук и некои корења и грутки |
| Поглавје 8 | Јадење овошје и јатчесто овошје; кори од агруми или дињи |
| Поглавје 9 | Кафе, чај и зачини, со исклучок на мате-чај (тарифен број 0903) |
| Поглавје 10 | Житарици |
| Поглавје 11 | Производи од мелничката индустрија; слад и скроб; глутен; инулин |
| Поглавје 12 | Маслодајни семиња и маслодајна плодови; разни зрна, семиња и плодови; индустриски и медицински растенија; слама и добиточна храна |
| Поглавје 13 | |
| еХ13.03 | Пектин |
| Поглавје 15 | |
| 15.01 | Свинска маст и други производи од свинска маст; други производи од живинска маст |
| 15.02 | Непреработени масти од говеда, овци или кози; лој (вклучувајќи „premier jus“ произведен од тие масти |
| 15.03 | Стеаринска маст, олеостеарин и стеарински лој; маст, маслено масло и лојно масло, не емулгирани или мешани или подготвени на било кој начин |
| 15.04 | Масти и масло, риба и морски цицачи, без разлика дали се или не рафинирани |
| 15.07 | Заситени растителни масла, течни или цврсти, сурови, рафинирани или прочистени |
| 15.12 | Животински или растителни масти и масла, хидрогенизирани, без разлика дали се или не рафинирани, но не за понатамошна подготвка |
| 15.13 | Маргарин, имитација на маст и други преработени масти за јадење |
| 15.17 | Резидуи кои произлегуваат од третман на масни супстанции и животински или растителни восоци |
| Поглавје 16 | Преработки од месо, риби, лушпари или мекотелци |
| Поглавје 17 | |
| 17.01 | Шеќерна репка и шеќерна трска, цврст состојба |
| 17.02 | Други шеќери; шеќерни сирупи; вештачки мед (без разлика дали се или не се меша со природен мед); карамел |
| 17.03 | Меласа, без разлика дали е или не е обезбоена |
| 17.05(1) | Зачинети или обоени шеќери, сирупи и меласа, но не и овошни сокови со додаток на шеќер во било кој процент |
| Поглавје 18 | |
| 18.01 | Зрна какао, цели или искршени, сурови или печени |
| 18.02 | Какао школки, лушпи, кожи и отпад |
| Поглавје 20 | Производи од зеленчук, овошје или други делови од растенија |
| Поглавје 22 | |
| 22.04 | Шира од грозје, во ферментација или со стопирана ферментација на друг начин освен со додавање на алкохол |
| 22.05 | Вино од свежо грозје; шира од грозје со стопирана ферментација со додавање на алкохол |
| 22.07 | Други ферментирани пијалаци (на пример, јаболковина, крушковача и медовина) |
| ex22.08(1) ex22.09(1) | Етил алкохол или неутрални алкохолни пијалоци, без разлика дали се или не се денатурирани, со која и да било јачина, добиени од земјоделски производи наведени во Анекс I на Договорот, освен ликери и други алкохолни пијалаци и сложени алкохолни препарати (познат како «концентрирани екстракти») за производство на пијалаци |
| ex22.10(1) | Оцет и замена за оцет |
| Поглавје 23 | Остатоци и отпадоци од прехранбената индустрија; готова сточна храна |
| Поглавје 24 | |
| 24.01 | Непреработен тутун, отпадоци од тутун |
| Поглавје 45 | |
| 45.01 | Природна плута, необработена, мелена, гранулирана или дробена; плута отпад |
| Поглавје 54 | |
| 54.01 | Лен, суров или обработен, но непреден; влачен лен и отпад (вклучувајќи извлачени или влакнести крпи) |
| Поглавје 57 | |
| 57.01 | Коноп (Cannabis sativa), суров или обработен, но непреден; влачен и отпадоци од коноп (вклучувајќи извлачени или развлакнени крпи или јажиња) |
I. Кој може да аплицира:
– Физички лица:
- Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
- Регистриран индивидуален земјоделец
- Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,
– Правни лица (микро и мали претпријатија):
- Правни лица регистрирани воЦентрален регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.
-Задруги
- Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.
II. Висина на финансиска поддршка
Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата (трошоците без ДДВ).
- Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 5000 €
- Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1 000 000 €
III. Прифатливи трошоци
- Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
- Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
- Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
- Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
- Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
- Инфраструктурно уредување.
IV Локација на прифатлива инвестиција
Проектот е прифатлив за финансирање доколку локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата се наоѓа во рурална средина во согласност со „Листата на рурални средини”.
V. Листа на потребни документи
Покрај основната документација потребна за апликација за ИПАРД Мерка 7, СИТЕ ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР „Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци“-АГЕНЦИЈАТА ЌЕ ГИ ДОБИЕ ПО СЛУЖБЕНА
ДОЛЖНОСТ. БАРАТЕЛОТ НЕ Е ДОЛЖЕН ДА ДОСТАВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ СПЕЦИФИЧНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН
СЕКТОР.
VI. Документи кои Агенцијата ги прибавува по службена должност за приоритетен сектор 2
- РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ ОПЕРАТОР СО ХРАНА
- МИСЛЕЊЕ ДЕКА ПЛАНИРАНТА ИНВЕСТИЦИЈА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ И ЕУ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАН
Повикот за Мерка 7 од ИПАРД 3 се очекува да биде наскоро објавен. Целосните информации ќе ги има откако ќе излезе повикот, но генерално ова се основните информации за Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.
