Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голема побарувачка за струмичката пиперка „ајварка“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Голема побарувачка за струмичката пиперка „ајварка“
АгровестиПазариРастително производство

Голема побарувачка за струмичката пиперка „ајварка“

Објавено 19/08/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За пиперката „ајварка“ има голема побарувачка како од трговците, така и од преработувачките капацитети, информираат за откупувачи и преработувачи од регионот.

Во зависност од квалитетот, оваа пиперка се откупува од 15 до 30 денари за килограм, а најмногу се пласира на пазарите во поранешните југословенски републики и во Европската унија.

– „Ајварката“ се работи на големо. Прва класа се откупува за 30, а втората за 20 денари за килограм. Покрај нас ја откупуваат и сите домашни преработувачи. Најмногу интерес за „ајварката“ има од сите поранешни југословенски републики и на повеќе европски пазари, рече Благој Витанов, откупувач од Струмица.

Сопственикот на „Агрокомерц 92“, Кире Јовев, потврди дека преработувачките капацитети почнале со откуп и преработка на „ајварката“.

– Работиме со полн капацитет. Конзумната пиперка ја откупуваме по 30 денари за килограм, а тие за преработка ги откупуваме од 15 до 25 денари во зависност од квалитетот. Пласманот ни е договорен и засега се тече според планираното. Покрај „ајварката“ откупуваме и преработуваме корнишони и овој производствен циклус е покриен. Постои мал скептицизам кај производителите и купувачите поради најавениот втор бран на коронавирусот, но се надеваме дека произведеното ќе го пласираме, изјави Јовев.

Производителите се задоволни од откупната цена на пиперката „ајварка“, но предупредуваат дека поради обилните врнежи може да дојде до намалување на приносите.

– Црвената пиперка е засеана исто како и лани. На одредени површини имаме забележано расипување на производството заради обилните врнежи. И покрај тоа што сега во најголем дел се бере од пластеници, сепак водата го зема својот данок и според мои проценки околу 10 проценти од производството е нападнато од болести. „Ајварката“ има подолг период на зреење и берба, односно како култура се бере од јуни па до крајот на октомври и затоа е подложна на болести, вели Драги Памуков, земјоделец од село Куклиш.

И експертите потврдуваат дека обилните врнежи им предизвикуваат големи проблеми на земјоделците.

– На површините кои беа зафатени со обилни врнежи дожд и град веќе има големи штети, посебно на тие на отворено. Променливото време во текот на целата година причинува штета не само кај пиперката, туку и кај други култури, рече д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенија.

Инаку, покрај пиперката „ајварка“, лубениците се откупуваат по цена од пет-шест денари за килограм, доматите до 30 денари, краставиците од 25 до 30 денари за килограм, грозјето од 20 до 35 денари во зависност од сортата, а феферонките и „чорбаџиската“ пиперка се откупуваат по 25 денари за килограм.


МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ајваркаголема побарувачкапиперкиструмицаструмички пиперки
Претходен напис Услови и потребна документација за користење на средства од ИПАРД , мерка 7 – „Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци“
Следен напис Земјоделците од Кочанско добија агрометеоролошка станица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?