Плевелите како едни од најголемите конкуренти во лозјата се уништуваат на повеќе начини. Во посувите и потопли реони и на помалите парцели, еден од начините на уништување е со повеќекратна рачна обработка на почвата. Со ваквипт начин на обработка покрај уништувањето на плевелите, се постигнуваат оптимални услови за успешен развој и плодоносење на виновата лоза. Но, недостигот од работна сила, ја наметнува потребата од изнаоѓање други начини за одржувње на површината во лозјата, како што се: затревување, мулчирање и употреба на хербициди. Постојат голем број хербициди кои се користат за уништување на плевелите. Кој од хербицидите ќе биде упитребен, зависи од тоа колку е старо лозјето, кои плевели се најзастапени во насадот, дали истите се едногодишни или повеќегодишни, теснолисни или широколисни, фенофазата во која се наоѓаат, типот на почвата (лесна или тешка) и содржината на хумус во неа.
Хербицидите врз плевелите дејствуваат уништувачки контактно или системично. Во пракса во повеќето случаи примена наоѓаат контактните хербициди, бидејќи дејствуваат побрзо.
Од хербициди кои се користат во време на мирување на вегетацијатата (нноември-март), против едногодишните широколисни и некои теснолисни плевели, примена наоѓаат Гоал, Галиган, Оксифен и др.
Хербицидите Касорон, Галолин Комби и Спринтер се користат за уништување на едногодишни и повеќегодишни плевели со третирање рано во пролет, пред почеток на вегетација, или во почетна фаза на ртење, или никнење на плевелите. Хербицидот Раза се користи за уништување на едногодишни широколисни и теснолисни плевели, пред никнење на истите, или после обработката на почвата, со плитка инкорпорација.
Од погоре изнесеното, произлегува дека сите претходно наведени хербициди припаѓаат на групата контактни и дека се користат за уништување на семенските плевели во почвата. За поуспешно дејство на наведените хербициди, после употребата пожелно е да заврне дожд.
Во лозовите насади во кои доминираат повеќегодишни плевели и плевели кои се размножуваат вегетативно – со ризоми (пиреј и троскот) се користат неселективните системични хербициди. Од оваа група можат да се употребат Доминатор, Глифосат, Роундап, Хербокпр, Бум Ефект, Пирокпо, Херкулес Супер, Глиопгал, Цидокор и др.
Овие хербициди се користат во време на интензивен пораст на плевелите (15-40 см.), на начин и во концентрации опишанo во упатството од производителите и при суво, тивко и без ветер време.
Дип.инг.агр. Стеван Стојковски, АПРЗ
Уништување на плевели во лозјата со хербициди
Остави коментар
Остави коментар
