Изминативе неколку дена Полска, Унгарија и Словачка го забранија увозот на житарки и други прехранбени производи од Украина откако падот на цените предизвика протести на локалните земјоделци.
Сега унгарската влада ја прошири привремената забрана за увоз на украински производи на мед, вино, леб, шеќер и низа производи од месо и зеленчук, јавува Радио Слободна Европа. Списокот на производи што ќе бидат забранети е објавен со владин декрет откако Будимпешта ја објави мерката за стопирање на увозот на житарки, маслодајни семиња и уште неколку производи.