Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Улогата на мулчирањето во системот на градинарското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Улогата на мулчирањето во системот на градинарското производство
Совети

Улогата на мулчирањето во системот на градинарското производство

Објавено 14/04/2022
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Низ долгата историја на земјоделското производство забележана е употреба на различни типови на мулчери.
Неорганските, еден вид на камени мулчери, кои вклучуваат употреба на ситни камчиња и чакал како и вулканска пепел, се претпоставува дека претставуваат најстаро употребуваните, кои се користеле во градинарството.

Во зависност од локацијата на теренот, видот и динамиката на пораст на културата, овој вид на мулчери можеле да бидат распоредени во вид на насипи околу секое растение или по должината на редовите, а постоеле и случаи кога целиот терен каде се изведувале некој вид на земјоделски активности да биде прекриен со ситни камчиња односно со вулканска пепел. Иако главно се употребувале во реони со дефицит на влага, овој вид на неорганска прекривка многу потпомагал во регулирање на температурните колебања на почвата како и во сузбивање на разната плевелна вегетација.

Документите во кои се опишува употребата на ваквите камени прекривки датираат 200 години пр.н.е., пронајдени се во пустината Негев во Израел, и се претпоставува дека се користеле во лозови и маслинови насади. Нивна употреба во градинарството засега не е потврдена. Народот Маори од Нов Зеланд во периодот меѓу 1200 и 1800 година користел мулчери од чакал при одгледување на сладок компир (Ipomoea batatas L.) и пченка (Zea mays L.). Во земјоделските практики кои датираат од пред неколку стотици години, земјоделските производители од областа Ланзхоу во Кина употребувале ситни камења при производство на диња (Cucucmis sp.). Парчиња од шкрилци исто така биле користени при производство на дињи во Англија пред околу 200 години, со тоа што нивната улога главно била во зачувување на квалитетотот на плодовите, а не во заштита на посевот од разните видови на плевели.

Мулчирањето во вид на прашина (dust mulching) е уште една земјоделска агро мерка која во одредени региони е присутна до ден денешен, иако не се работи за вистинска техника на мулчирање бидејќи реално, никаков материјал не се нанесува на почвата. Станува збор за повеќекратна површинска обработка на почвата околу самите растенија, создавајќи прашкаст почвен слој. Теоријата, за која е потвдено дека не е точна, се базира на податокот, дека со формирање на фин почвен слој на самата површина, почвената капиларност се прекинува и загубите на вода од почвата по пат на евапорација се намалени. Како и да е, бенефитот од ваквиот начин на мулчирање првенствено е во перманентното уништување на плевелите околу култивираните растенија, а не во редукцијата на евапорацијата од самата почвена површина.

Прекривањето на земјоделските површини со природни материјали (т.н. органско мулчирање), како што се делови од растенија, растителни отпадоци, слама, струготини и сл., исто така има голема примена во градинарското производство. Во принцип, се работи за материјали кои во одреден реон ги има во изобилство. Така на пример, листовите од банана се користат како материјал за мулчирање при производство на домати во Бангладеш, за истата култура на Хаваи се користат стебла од шеќерна трска додека во Пенсилванија, дрвени струготини. Кога се употребуваат во подебел слој органските прекривки можат ефикасно да влијаат во сузбивање на плевелите и во зголемување на влажноста на почвата. Сепак, истражувањата кои датираат од крајот на 19 век покажуваат различни рeзултати за нивниот ефект врз висината на приносот.

Имено, во реони со повисоки температури и недостиг на вода за потребите на растенијата, прекривките од слама имале позитивен ефект врз приносот на повеќето видови од фам. Cucurbitaceae. Употребени на земјоделските култури кои се одгледуваат во поладна клима, овој тип на мулчери иако покажале позитивен ефект во контролирање на плевелната популација, од друга страна во голема мера го забавиле растот на растенијата што резултирал со понизок принос. Независно од различниот ефект што тие го манифестираат, станува збор за мулчери кои имале масовна примена заради ниската цена на чинење и лесната достапност.

Во табелата се претставени некои од карактеристиките на органските и неорганските мулчери:

Мулчирањето со прекривки од хартија бил еден од најрано употребуваните видови на мулчирање, широко распространет во овоштарското и градинарското производство. Хартијата се покажала како идеална затоа што можела лесно да се транспортира на поголемо растојание и многу лесно да се постави на самата земјоделска површина. Ваков тип на прекривки во почетокот на 20-тиот век биле широко распостранети меѓу фармерите на Хаваи кои произведувале шеќерна трска. Имено, при самото производство, хартиените прекривки импрегнирани со асфалт или лесен катран, биле поставувани над штотуку посеаното семе од шеќерна трска.

При поникнувањето, стеблата од младите поници на шеќерната трска се доволно остри да ја пробијат хартијата и несметано да продолжат со својот пораст, за разлика од плевелите кои ја немале таа способност и за кратко време по никнењето изумирале. Користејќи систем многу сличен со модерните пластични прекривки, Стјуарт ги испитувал хартиените мулчери импрегнирани со афалт и во сузбување на плевелите во насади со ананас (Ananas comosus (L.) Merr.), за што, за нивно поставување користел опрема многу слична со денешната.

Во насока на сузбивање на плевелите и нивните конкурентски односи со растенијата од главниот посев, констатирал дека при сончеви денови хартиените мулчери ја зголемуваат температурата на почвата за неколку степени, но истите имале незначителен ефект доколку времето било облачно или врнежливо. Влажноста и содржината на нитрати во почвата била поголема во редовите каде што биле поставени хартиени прекривки споредбено со голата површина, што довело до зголемен принос на плодовите од ананас. Сепак, проблемите поврзани со нивната цена, но пред сѐ со одржливоста, довело до изнаоѓање на нови видови на прекривки, кои во одреден период биле повеќе или помалки експлоатирани.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:мулчирање
Претходен напис Осломејско Езеро ќе биде порибено со повеќе капитални примероци на крап
Следен напис Бектеши: Ограничена продажбата на масло за јадење во пакети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?