Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Осломејско Езеро ќе биде порибено со повеќе капитални примероци на крап
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Осломејско Езеро ќе биде порибено со повеќе капитални примероци на крап
Шумарство и водостопанство

Осломејско Езеро ќе биде порибено со повеќе капитални примероци на крап

Објавено 14/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пред првиот крапски риболовен натпревар што годинава ќе биде организиран на Осломејско Езеро на почетокот на идниот месец, за да се зголеми интересот за натпреварот и да се внесе поголема неизвесност околу победникот, риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево, до овој натпревар се очекува во езерото да пушти поголеми количества крап капиталец со тежина од над 10 килограми.

-Нашите планови пред првиот годинашен крапски риболовен натпревар што во првиот викенд од мај ќе се одржи на Осломејско Езеро, се во езерото да пуштиме поголем број крапска риба со тежина од над 10 килограми по примерок. Рибите кои ќе ни послужат за порибување на Осломејско Езеро ќе ги обезбедиме од рибникот „Акватик“ кај Неготино, а нивниот број ќе зависи од средствата кои ќе успееме да ги собереме до ова порибување петто по ред – најави портпаролот на риболовното друштво„ Хантер Фиш“, Мире Ночески.

Тој посочи дека до Агенцијата за млади и спорт е доставено барање од страна на сортско-риболовното друштво, за добивање на решение за вршење на дејност спорт, спортско-риболовно натпреварување.

-Нашето риболовно друштво наредниот месец ќе наполни две години од неговото формирање, а веќе на 20 ноември истата година бевме примени во Македонската риболовна федерација. За да можеме да влеземе во натпреварувачкиот календар и да можеме да организираме спортско-риболовни натпревари, побаравме од Агенцијата за млади и спорт да ни даде соодветно решение со кое ќе можеме непречено да организираме вакви натпревари, а во исто време да влеземе и во календарот на натпревари од секаков вид што се организираат во земјава, додаде Ночески, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:хантер фиш
Претходен напис Oвие растителни видови никогаш не ги садете заедно
Следен напис Улогата на мулчирањето во системот на градинарското производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?