Денес на виртуелниот настан “Идни предизвици и унапредување на соработката со големите даночни обврзници ” што го организиравме по повод 15 години ДГДО и 20 години фискализација развивме суштинска и конструктивна дискусија со ЗПВРСМ Фатмир Битиќи, Министерот за финансии Фатмир Бесими, поранешниот министер за финансии Никола Поповски, Зоран Јовановски од Стопанската комора, претседателката на КХВ Нора Алити, Маја Штерјова од МБА , претставник на ММФ експертот Дмитри Јегоров и големите даночни обврзници Млекара АД Битола, Витаминка и Фершпед.
Констатиравме дека правилниот пристап кон компаниите обезбедува правилно и ефикасно собирање на даноците значајни за националната економија, а борбата против сивата економија треба да е бескомпромисна и успешна, бидејќи само на тој начин ќе придонесе сите да плаќаат даноци. Се потврди чесниот и искрен пристап од Управата за јавни приходи, активната поддршка од преставниците на Владата во релизирање на процесите, несебичното залагање ММФ во пренесување на искуство и добри практики, партнерскиот однос кон Коморите и големите даночни обврзници како успешни и општествено одговорни компании.
Фејсбук статус на Сања Лукаревска – Директорка на УЈП

