На денешната тркалезна маса посветена на работата на Дирекцијата за Големи Даночни Обврзници (ДГДО) која функционира во рамки на Управата за Јавни Приходи, и која оваа година бележи 15 години од своето постоење, размениме мислења со Директорката на УЈП Сања Лукаревска, Министерот за финансии Фатмир Бесими, поранешниот министер за финансии Никола Поповски, Зоран Јовановски од Стопанската комора, претседателката на КХВ Нора Алити, Маја Штериева од МБА, претставникот на ММФ – Дмитри Јегоров, големите даночни обврзници Млекара АД Битола, Витаминка и Фершпед, како и раководството на ДГДО.
ДГДО во последниве 5 години администрира од 366 до 435 компании, од кои се наплаќаат од 44-49% од вкупните јавни давачки.
Рекордниот износ на наплата на ДДВ чија наплата константно се зголемува изминативе неколку години (освен 2020), како и рекордниот износ на поврат на ДДВ назад кон компаниите, се дополнителна потврда дека Управата за Јавни Приходи е вистински партнер на бизнисот.
Фејсбук статус на Фатмир Битиќи – Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции
