Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кире Наумов и Фарук Исмаили, реизбрани за членови на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кире Наумов и Фарук Исмаили, реизбрани за членови на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје
АгровестиАгросектор

Кире Наумов и Фарук Исмаили, реизбрани за членови на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје

Објавено 01/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
binary comment
Сподели
Ad imageAd image

Досегашните членови на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, се реименувани за истите позиции со мандат од 6 (шест) години сметано од 19.11.2021 година.

Народна банка на Република Северна Македонија, издаде решение со кое се издава претходна согласност за реименување на Кире Наумов за главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија и реименување на Фарук Исмаили за главен оперативен директор на банката. Членовите на Управниот одбор, претходно, довербата за мандат ја добија од членовите на Надзорниот одбор на банката, согласно Законот за банки.

Членовите на Управниот одбор на Развојна банка, ги започнаа своите мандати во ноември и декември 2019 година и управуваа со државната банка изминативе две години. Развојна банка активно учествуваше во имплементацијата на економските сетови мерки донесени од Владата во справување со негативните ефекти предизвикани од пандемијата од КОВИД-19.

Во 2020 и 2021 година, Развојна банка пласираше кредити кон приватниот сектор во вкупен износ од 132 милиони евра, од кои 46 милиони евра во форма на бескаматни кредити и го потпиша шестиот финансиски договор со ЕИБ за 2021/2022 година во вкупен износ од 100 милиони евра. Со подобрување на условите кај осигурувањето и факторингот, се зголеми значително обемот на осигурани и откупени побарувања по основ на факторинг кои заклучно со септември 2021 година, во однос на цела 2019 година, се зголемија за 73% и за 20%, респективно.

Од посебна важност за банката беше нејзината докапитализација која се направи во 2020 година, со која се овозможи директно проширување на портфолиото производи на банката. Сега, Развојна банка на компаниите кои вршат извоз може да им понуди и царинска гаранција. Од неодамна, преку промена во Законот за Развојна банка на Северна Македонија, се организираше Гарантен фонд во рамки на банката, со што се воспостави државната кредитно-гарантна шема од која корист имаат микро, мали, средни компании, како и големи компании кои вршат извоз.

Целта на Управниот одбор е и понатаму да продолжи и да ја развива државната банка како динамична, финансиски силна институција, специјализирана во финансиска поддршка на малите и средни претпријатија и поширока поддршка на извозот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:банкикире наумовкредитисубвенциифарук исмаили
Претходен напис УЈП: “Идни предизвици и унапредување на соработката со големите даночни обврзници“
Следен напис Диље: Пристигнати се повеќе од 2.000 апликации за земја до 3 ха. Во тек разгледување на понудите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?