Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП и Царина постигнаа рекорди во наплатата на приходи во јули
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП и Царина постигнаа рекорди во наплатата на приходи во јули
Агровести

УЈП и Царина постигнаа рекорди во наплатата на приходи во јули

Последна измена: 11/08/2024 16:05
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

УЈП и Царина постигнаа рекорди во наплатата на приходи за јули. Во државниот трезор преку Управата за јавни приходи се собрани 217 милиони евра даноци, ДДВ, данок на добивка и данок на личен доход и 170 милиони евра социјални придонеси за пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на невработеност. Директорката на УЈП за Сител вели наплатата на даноци е повисока за 42%, а на социјални придонеси за 20,5 отсто, во споредба со минатата година.

„Собирањето на приходите бара УЈП проактивно да управува со дисциплината на даночните обврзници. Ова значи УЈП со соодветни мерки да биде присутна меѓу даночните обврзници, да ги потсетува, да ги опоменува, да ги насочува кон тоа навреме и точно да ги пријават и платат даночните обврски. И тоа го правевме овој месец, преку општи пораки, преку медиумите, национални, локални, социјални, состаноци со сметководители, стопански комори и слично. Но, исто така и преку персонализирани пораки кои ги пуштавме до таргетирани групи на даночни обврзници со соодветна содржина за самиот даночен обврзник“ – Елена Петрова, директор на Управата за јавни приходи

Петрова потенцира дека веќе се прават анализи за даночните обврзници и на сите економски ресори каде има прикривање или непријавување на прометот и приходите, што значи дека фокусот е да се прошири даночната база на која се пресметуваат и плаќаат обврските.

Царинската управа, пак, собрала 195 милиони евра. Директорот вели дека оваа месечна наплата е највисока во историјата на постоењето на оваа институција. Споредбено со истиот период лани, е повисока за над 16%.

„Се обративме до сите субјекти кои од најразлични причини имале долгувања кон Царинската управа и на крајот на месецот покрај сите редовни активности што ги преземавме, покрај редовната наплата и ова си даде свој ефект. Втора работа, сите оние објекти кои ги имаме како Царинска управа за коишто требаше да се наплатат кириите на граничните премини, ги известивме писмено сите коминтенти кои ги имаат земено објектите своите долгувања кон Царинската управа да ги наплатуваат правовремено“ – Бобан Николовски, директор на Царинската управа

„

Може да ви се допадне

Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на на граничните премини
Поскапуваат горивата
Трибина на АХВ во Гостивар за заштита од болеста чума кај овците и козите
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
Таг:данокевраинформациимедиумимилиониујп
Претходен напис Во Европа се забележан првите случаи на заболени со вирусот ОРОВ
Следен напис Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот обезбедивме пари за сите обврски согласно закон, сега сме во фаза кога може да трошиме оноколку колку што прибираме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?