Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот обезбедивме пари за сите обврски согласно закон, сега сме во фаза кога може да трошиме оноколку колку што прибираме
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот обезбедивме пари за сите обврски согласно закон, сега сме во фаза кога може да трошиме оноколку колку што прибираме
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот обезбедивме пари за сите обврски согласно закон, сега сме во фаза кога може да трошиме оноколку колку што прибираме

Последна измена: 11/08/2024 16:14
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Со ребалансот на Буџетот направивме  напори во еден краток период и услови коишто ги наследивме да го направиме најдоборото. Обезбедивме пари за сите обврски коишто се согласно закон и тие ќе се сервисираат. Голем притисок којшто се прави врз Буџетот доаѓа од исплатата на гаранциите, односно кредити за одредени јавни претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат. Ова го потенцира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ.

„Во ребалансот е испланирано да се исплати се она што е согласно закон и законски измени. Предвидени се средства и за доспеаните обврски, киштоо иако биле доспеани не биле воопшто евидентирани во ЕСПЕО системот на Министерството за финансии. При тоа даваме приоритет на сервисирањето на она што е сигурно за плаќање согласно закон. На дел од доспеаните обврски се прави ревизија по што ќе се направат исплати согласно утврдените анализи. Во фаза сме кога може да трошиме толку колку што ќе наплатиме со цел да не креираме дополнителен буџетски дефицит, којшто е веќе зголемен за 181 милион евра,“ рече министерката.

Таа додаде дека сериозна тежина претставуваат исплатите на гаранциите кое влијае на реализација на инвестиции.

„Станува збор за сериозна тежина којашто се прави врз Буџетот од исплатата на гаранциите, затоа што поради корупција и криминал некои претпријатија се уништени и сето тоа паѓа на товар на државата. И наместо да обезбедиме 100 милиони евра за инвестиции во здравство, образование и слично, ние враќаме гаранции, односно кредити на јавните претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат. На пример само за ЈПДП годинава сервисираме 90 милиони евра. Ако до минатата година ова претпријатие било во состојба да плати една рата во годината, сега не може да сервисира ниту една“, потенцира Димитриеска-Кочоска и додаде дека тоа се случува во момент кога Буџетот е во тешка состојба, а државата како крајна инстанца мора да обезбеди пари за враќање на кредитите.

За најавеното линеарно зголемување на пензиите смета дека тоа е нешто што го заслужуваат пензионерите. „Ако на некој со пензија од 13.000 денари му додадете 5.000 денари, значи му давате пари за да преживее, имајќи ги предвид зголемените трошоци. Ние само ја менуваме методологијата со која се фокусираме тие што имаат пониски пензии да добијат поголем износ и со тоа да се намали јазот со повисоките пензии“, рече министерката за финансии.

Билатераниот заем од Унгарија, според минитерката не прави дополнителен притисок врз Буџетот, бидејќи, како што вели, износот од 500 милиони евра е предвиден од претходната Влада „Она што го правиме ние е обезбедување поевтини пари. Односно доколку отидевме со изддавање еврообврзница ќе добиевме средства со камата од над 6%, а овој заем е со камата од 3,25%“ рече Димитриеска-Кочоска.

Во интервјуто истакна дека јавниот долг може да биде одржлив преку справување со неформалната економоија и дека важен аспект е и на кој начин се трошат парите што се позајмуваат, односно дали тие се трошат за инвестиции. „Ако ги трошите за инвестиции коишто ќе додадат вредност во целокупната економија, тогаш во еден момент може јавниот долг да е поголем. Суштината е каде завршуваат парите. Во минатото завршуваа во потрошувачка и затоа немавме раст на БДП. Имаме многу ниско ниво на бруто инвестиции и сето тоа не доведува до лоша економска состојба“, рече министерката за финансии Гордана Димитиеска-Кочоска. 

Може да ви се допадне

Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
АД МЕПСО: Земјоделците безбедно да ракувааат со системите за наводнување на површини во близина на далеководните траси
Министерот Трипуновски ја посети компанијата „Агриа“
Деловните субјекти лани завршиле 5 405 станови, а индивидуалните сопственици 2 512
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
Таг:буџеткочоскаобврскиребаланссобраниефинансии
Претходен напис УЈП и Царина постигнаа рекорди во наплатата на приходи во јули
Следен напис (ВИДЕО) Драма во село Бекирлија – во полусвесна состојба пронајдено исчезнатото лице од Лозово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?