Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.10.2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.10.2025 година
Агропрогноза

УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 02.10.2025 година

Објавено 02/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатата седмица времето беше претежно облачно со сончеви периоди со повремени врнежи од дожд.

Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка. Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Ваквите временски услови, со нови врнежи од дожд, се очекува да ја подобрат состојбата со влага во почвата. Ќе допринесат за зголемување на содржината на вода во почвата, која е потребна во овој есенски период за успешно навлегување на посевите, како и потребната влага која е потребна за есенска подготовка на почвата за садење на одредени култури.

Кај поголем дел од културите се очекува целосно да заврши бербата, а кај некои е веќе завршена.

Во недела на некои повисоки места во државата постои можност за појава на мраз. Раните (есенски) мразеви можат да се јават во октомври и првата половина на ноември. Есенските мразеви кај нас не предизвикуваат големи штети бидејќи во есен најголем број од едногодишните култури се веќе завршени со нивниот развој. Но, сепак земјоделците морат да бидат подготвени за појава на рани есенски мразеви и заштита од нив, како и да им овозможат на градинарските, поледелските и овошните култури да влезат подготвени во зимскиот период.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2°C на некои повисоки места до 8°C а, максималната температура ќе се движи во интервал од 4°C до 20°C.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Таг:земјоделцимразстепени
Претходен напис „НАЈК ПРОМ“: Нова земјоделска сезона со нов „ЛОВОЛ“ трактор!
Следен напис УХМР: Студено со дожд, снег на планините и на повисоките места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?