Сè почесто употребуваниот современ термин „дигитално земјоделство“ често пати погрешно е перцепиран од јавноста и е ставен во погрешен контекст и до одреден степен мистифициран.
За што всушност станува збор, што опфаќа и зошто е важно да се знае за што станува збор?
Што е дигитално земјоделство?
Дигиталното земјоделство ги опфаќа сите алатки и услуги што собираат, складираат, споделуваат и анализираат електронски податоци и / или информации во земјоделството со цел да се оптимизира производството на храна и / или да се создаде додадена вредност.
Би можело да се каже дека тоа е заедничко име на сите ИТ технологии во земјоделството, а често пати можат да се слушнат и синонимите, како што се паметно земјоделство или е-земјоделство.
Според местото и времето на примена на апликација, можеме да ги поделиме на технологии што се користат на фармата, но исто така и пред и по неа – во целиот ланец на снабдување со храна. Како што популарно се вели – „Од нива до трпеза“.
Денес, технологиите од прецизниот земјоделски сектор, како што се мапирање на терени, насоки за GPS, апликации за променливи ѓубрива, веќе се широко користени – тоа се концепти што ги зголемуваат приносите и ја оптимизираат употребата на ресурсите. Но дигиталното земјоделство , сепак е поширок концепт од самото прецизно земјоделство
Исто така, тука се и голем број на интернет технологии, е-услуги што помагаат при примање на производите, нивно промовирање и сместување. Интернет-услуги кои овозможуваат зголемен степен на следливост, безбедност и транспарентност на производството на храна.
Да ги споменеме се поприсутните дронови, сателити, роботи и разни уреди, а се раѓаат и нови индустриски стандарди, како што е синергистичката иницијатива „DataConnect“ на најголемите производители на трактори и софтверски компании, кои создаваат поголема вредност со комбинирање на податоци.
Во оваа област исто така сапѓа и управувањето со производството и апликации за документација како што се Agrivi или eGAP.
Постојат и мноштво маркетинг алатки кои ги скратуваат синџирите на снабдување и создаваат сосема нов канал за пристап до клиентот.
Сето ова веќе го имаме денес, а утре?
Иднината носи многу возбудливи новини. Новитети што ќе произлезат од поврзувањето на системите, но и од се подобрите и подостапни технологии.
Револуцијата доаѓа со 5G интернетот
Развојот и ширењето на 5G технологијата, според некои извори, се развива дури илјада пати побрзо од 4G технологијата и се создава платформа за вистинска експлозија на развој.
Исто како што ние, луѓето создаваме и споделуваме информации, учиме и создаваме , така утре разни уреди и сензори самостојно ќе испраќаат информации во реално време до „нивниот интернет“, како еден вид на компјутерски облак чии бази на податоци ќе се отворат драматична димензија на можности за проценка, а покасно и за примена.
Баш тука со својот полн сјај , на сцена стапува машинското учење, како вовед во она што го нарекуваме вештачка интелигенција (AI). Со тоа ќе се создадат услови за создавање на сложени алгоритми кои ќе учат врз основа на знаења и резултати, а ќе се води сметка и за тоа работите да не одат во погрешна насока и да се докомплетираат алгоритмите, моделите и програмите.
Ќе се воведат се повеќе машини во доменот на денешната физичка работа, што ќе значи помош, но и промена на претходните практики, а со тоа и на земјоделството.
Промена на системот на вредности
Дигиталното земјоделство носи ефикасност, но и создавање основа за поправеден систем на вредности на земјоделско-прехранбениот систем.
Ќе се отворат бројни прашања, како и потребата од дополнителни регулативи, бидејќи светот на податоци и информации влегува во сите сфери на животот. Исто како што влезот во доменот на приватноста, го овозможи интернетот како никој досега.
Брзината и квалитетот на развојот на индивидуалните фарми, но и на националното земјоделство во целина, повеќе од кога било, ќе зависи од воведувањето дигитални технологии.
Оние кои ги спроведуваат подобро и посистематски од другите, ќе имаат можност за побрз развој, па дури и за репозиционирање.
Извор: Агроклуб
