Амбициозните власти на оваа земја на крстосницата на Азија и Европа си поставија амбициозен план за раст на пазарот на земјоделски производи за приближно 136 милиони американски долари годишно од 2016 до 2021 година. Акцентот ќе биде ставен на производството на градинарски производи.
Според Министерство за земјоделство и шумарство на Турција, 56,000 хектари во оваа земја се опфатени со оранжерии, но 75% од оранжериите се помали од 0,3 хектари, додека просечната големина на модерните оранжерии е три хектари.
Сето ова им беше претставено на земјоделските новинари на Евроазискиот и балканскиот форум за земјоделски новинари, организиран на почетокот на ноември во Анталија од страна на IFAJ (Меѓународна организација на земјоделски новинари) и TAGYAD – Турското здружение на земјоделски новинари. Дури 34 новинари од 21 земја имаа можност да се запознаат со состојбата и капацитетите во производството на зеленчук и овошје од овој регион и воопшто со ситуацијата и трендовите во земјоделството на Турција.
Најголемо производство во регионот на Анталија
Само минатата година во Турција во оранжерии се произведени 3,9 милиони тони домати, 1,2 милиони тони краставици, 500.000 тони пиперки и 300 000 тони модри патлиџани. Постојат околу 23,000 хектари оранжерии во регионот на Анталија, најмногу од цела Турција.
Во овој град со 1,3 милиони жители со 219 сончеви денови годишно, стаклениците се наоѓаат и меѓу зградите, па не е ни чудо што 53% од производството на зеленчук во Турција е од овој регион. Во однос на вкупниот турски извоз на зеленчук и овошје, 21% доаѓаат од Анталија.
Фантастични приноси, а производството – органско
Приносите во оранжериите се фантастични – до 550 тони од хектар, што најдобро се гледа во компанијата „Јуксел Тохум“ од Коркутели, на стотина километри од Анталија, која е сопственик на најголемата оранжерија во Турција. Зафаќа површина од 220 хектари и се состои од две оранжерии кои ги дели краток пат, долг еден километар. Компанијата постои веќе 30 години, а во неа растат пиперки, дињи, лубеници, модри патлиџани, краставици, домати, кои се извезуваат во 75 земји од светот.
Производството се спроведува според органски принципи, исто како и во компанијата „Серкондер“, која исто така се наоѓа недалеку од Анталија, и која освен што поседува оранжерии, изработува оранжерии и за други производители во Турција. Годишниот капацитет е 500 хектари нови оранжерии. Компанијата соработува со 45 фармери кои одгледуваат домати. 75% од производството на домати оди за извоз, а остатокот за домашниот пазар. Приносот е 30 килограми од метар квадратен, а производството се врши од септември до јуни, кога започнуваат високите температури.
Минатата година 500.000 тони пиперки беа произведени во оранжериите на Турција.
Тие ја развиваат домашната економија
И во двете спомнати компании, опрашувањето на растенијата се врши со помош на инсекти купени од израелската компанија Биоби и ова е единственото нешто што се набавува од странски компании.
Бумбарите: 20 години решение за подобро опрашување на растенијата во Израел
Сите репроматеријали и целокупната опрема на оранжериите во кој било дел на Турција се набавени од домашни компании, што е индикатор за посветеност и национално единство, сите да ги исполни предвидените цели во областа на земјоделството, бидејќи Турција има за цел да го зајакне своето присуство на пазарите на државите не само на Блискиот исток, туку и Европа и Азија.
Инаку, 85% од производството во оранжерии во Турција, од обични пластеници, завршува на домашниот пазар, додека 90% од производството во современи објекти оди на извоз.
Извор: https://www.agroklub.com/
Напишете коментар