Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Турција руши рекорди, од извоз на лешници заработи 2,3 милијарди долари


Тешко дека некој може да им биде конкуренција кога се работи за лешниците.

Скоро три четвртини од лешниците во светот доаѓаат од Турција,  и маат извоз од 2,3 милијарди американски долари само за минатата година.

Според локалните медиуми, турскиот извоз на лешник достигна рекордно ниво само во септември и октомври, заработувајќи 641 милиони долари во првите два месеци од сезоната.

Податоците до крајот на ноември, сепак, велат дека минатата година биле извезени околу 319.772 тони лешници од таа земја, што е највисоко во историјата на Турција кога станува збор за извоз на лешници.

 Турските лешници најмногу се извезуват во Русија, Кина, Германија и САД, при што Италија е многу голем увозник.

Потсетуваме, дека  неодамна беше објавено дека дури 75% од лешниците за  познатата италијанска  Нутела  доаѓаат од Турција. Токму заради фактот дека има домашно одгледување и дека е добро познат бренд, Матео Салвини, поранешниот потпретседател на италијанската влада, јавно ја критикуваше Ferrero.

Како голем обожавател на локалната храна, Салвини, кој истовремено е и лидер на партијата  Лига чие мотото е „Италијанците прво“, се лути на фактот дека само 25% од лешници од домашно производство се користат за комерцијални цели. Затоа, тој одлучи да даде поголема поддршка на локалните производи и со тоа да им помогне на тамошните земјоделци. Тој ги повика Фереро и другите прехранбени компании да користат шеќер, лешници, млеко и други производи со исклучиво италијанско потекло.

Извор: https://www.agroklub.com/

Јан 9, 2020agrotim2
Земјоделците од Конче алармираат за проблем со откупот на тутунот, пунктовите се затвораат, а има уште тутун со договор кој не е предаденУкинување на визите и продлабочување на билатералната соработка, најави кинескиот амбасадор Џанг

Напишете коментар Откажи одговор

09/01/2020 МагазинИзвоз на лешници, лешници, Турски лешници591

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019