Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Конче алармираат за проблем со откупот на тутунот, пунктовите се затвораат, а има уште тутун со договор кој не е предаден
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од Конче алармираат за проблем со откупот на тутунот, пунктовите се затвораат, а има уште тутун со договор кој не е предаден
Агровести

Земјоделците од Конче алармираат за проблем со откупот на тутунот, пунктовите се затвораат, а има уште тутун со договор кој не е предаден

Објавено 09/01/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тутунопроизводители од Општина Конче се обратија до Агротим.мк со цел да информираме за моменталната состојба со откупот на тутун односно проблемот со кој се соочиле оваа година.

-Откупот на тутун започна во законски предвидениот датум и во почетокот откупот се одвиваше добро, прва и втора берба одеа со проценка од прва и втора класа, повеќе од добро, но некаде на средината на декември работите се сменија. Горните берби ги проценуваат во втора и трета класа. Ретко кој успеа да го продаде целиот собран род за толку кратко време. Откупени се околу 70 % од тутунот, а тој што не е продаден е најмногу од горните берби, а откупните пунктови почнаа да ги повлекуваат пунктовите. На пример „Сокотаб Битола“ на ниво на општина нема откупен пункт, а има најава за повлекување и на „Алијанса Кавадарци“. Ново е годинава што не се откупува вишокот килограми тутун од потпишаниот договор. На пример ако имаш склучено договор за 100 килограми, не земаат ни 10 килограми повеќе – се пожалија земјоделци од Општина Конче.

Тутунопроизводители за оваа состојба ги информирале во Државниот земјоделски инспекторат кои, според нив, биле излезени на терен на почеток на откупот.

-Од Сојузот на Здружението на тутунари нема никаква реакција, а исто така го запознавме и градоначалникот на Општина Конче. Сега за сега оставени сме сами на себе и бараме помош од надлежните институции – велат во дописот до Агротим, земјоделците од Конче.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделциКончеоткуппунктовиСокотабсостојбатутун
Претходен напис АХВ и во 2019 година доби највисоки оценки од страна на корисниците на услугите на агенцијата
Следен напис Турција руши рекорди, од извоз на лешници заработи 2,3 милијарди долари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?