Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Турбуленциите на пазарот на житарки никако да стивнат – Две причини за повторниот раст на цените
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Турбуленциите на пазарот на житарки никако да стивнат – Две причини за повторниот раст на цените
Пазари

Турбуленциите на пазарот на житарки никако да стивнат – Две причини за повторниот раст на цените

Објавено 09/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По краток пад, цените на житарките повторно се во пораст. Пазарот на житарки е подложен на различни влијанија – од временските услови преку политичките превирања до ситуацијата што ја снајде Европа, а потоа и светот – војната во Украина која влезе во четвртиот месец.

Сведоци сме како цените на житарките рапидно се зголемуваат во последните месеци, за да паднат по веста за отворањето на пристаништата на Црното Море. Но, доволна беше објавата во медиумите дека Русија го бомбардирала главниот терминал за товарење жито и други земјоделски производи во Миколајев, за цените повторно да пораснат.

Russia has destroyed a major Ukrainian grain export terminal in Mykolaiv that plays a crucial role in international food security. This targeted attack is further evidence that Putin is weaponising global famine in a bid to blackmail the international community pic.twitter.com/GpB8WKESpS

— Business Ukraine mag (@Biz_Ukraine_Mag) June 5, 2022

Имено, цените на пченицата забележаа силно закрепнување на почетокот на неделата. На париската берза Матиф, договорот за нова пченица (септември 2022 година) поскапе за 19,25 евра или повеќе од 5 отсто на 397,50 евра/тон во однос на крајот на претходната недела. Привремено е надмината и границата од 400 евра.

Растат вредностите и на пченката и на маслодајната репка

Кога станува збор за чикашката берза, цената на пченицата во јулскиот договор се зголеми за 5,1 отсто на 401,60 долари за тон. На годишно ниво, котациите се зголемија за 58,9 отсто. За пченката во јулскиот договор, изнесува 292,31 долари/т, што е за 2,13 отсто повеќе, наведува Фармер.

И вредноста на маслодајната репка, исто така, привремено порасна. Цената од 804,50 евра/тон во понеделникот беше за 28,75 евра или за 3,7 отсто повисока од петокот. Августовскиот договор падна за речиси 2 отсто на 789,50 евра/т.

Невреме во Франција

Со оглед на временските услови, сушата, топлотните бранови и силните бури, треба да се претпостави дека овие вредности ќе останат високи. Сушата што ја погоди Југозападна Европа уште во пролетта, а потоа и топлотниот бран.

Покрај тоа, градот и обилните дождови во Франција минатиот викенд предизвикаа значителна штета на пченицата и јачменот низ целата земја. Оштетена е и пченката во Бретања.

„Прво имавме историска суша, историски топлотен бран во мај, а сега историски град. Климата е драматична за земјоделството. Жетвата ќе биде 30 отсто послаба на одредени култури во Франција“, рече Кристијане Ламбер, претседателка на францускиот синдикат FNSEA за France TV Info, пренесува Агроклуб.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Ангеловски во Кривогаштани: ДИЗ ќе врши засилени инспекциски контроли на откупните пунктови
Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Седница на Потсекторската постојана група за жита во МЗШВ
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:пченицацени
Претходен напис АФПЗРР објави Јавен повик за користење на финансиска поддршка за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, наменет за единиците на локалната самоуправа
Следен напис Започна исплатата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?