Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започна исплатата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Започна исплатата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021
Субвенции

Започна исплатата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021

Објавено 09/06/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тутунарите ги добиваат заслужените субвенции за реколтата 2021. Откако успеавме да ги одблокираме законските измени, преку кои се одложи обврската кон УЈП, директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 2 јуни ги подготви и потпиша сите решенија за исплата на субвенциите и истите беа предадени до министерството за финансии за исплата.

Денес, по добиена информација од министерството за финансии, ги известуваме тутунарите дека од денес во текот на наредните девет работни дена субвенциите кон тутунарите целосно ќе бидат исплатени. Вкупно 1.3 милијарди денари ќе бидат пуштени на сметките до 17.280 тутунопроизводители.

Дополнително ги информираме земјоделците дека во следниот период се очекува реализација на исплатата на финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници, мерки кои ги донесовме за поддршка на земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд. Следува и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведно и предадено млеко јануари-феруари 2021 и субвенциите за заклани бројлери и несикли во регистрирани кланични капацитети.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се грижи за секој земјоделец и дава силна поддршка на земјоделците во услови на светска криза.

Може да ви се допадне

Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
АФПЗРР: Соопштение за исплатените субвенции за тутун
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Премиерот најави исплата на субвенциите и раст на производството на тутун
(ВИДЕО) Ристески: На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите
Таг:тутун
Претходен напис Турбуленциите на пазарот на житарки никако да стивнат – Две причини за повторниот раст на цените
Следен напис Невреме со град предизвика штети кај земјоделските култури во Неготино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?