Кога се вкрстува хибрид од пченица (triticum) и ‘рж (secale), се добива ситнозрнеста житарка – тритикале, која ги комбинира позитивните својства на двете житни култури. Повеќедецениското одгледување на тритикале, потврдува дека ова растение има генетски потенцијал за плодност како пченицата и биолошка цврстина како ‘ржта. Новосоздадениот вид најдобро успева во условите во кои се одгледуваат пченицата и ‘ржта.
Некои експерти истакнуваат дека сортите на крупните и изедначени зрна, кои по хемискиот состав се поблиску до пченицата, се користат во исхраната на луѓето – и како конвенционална и како органска храна. За разлика од претходните, сортите кои создаваат голема биомаса се користат за подготовка на волуменозна сточна храна, додека сортите со крупно зрно, со зголемена содржина на вкупни протеини во однос на скроб, се корисни за подготовка на концентрирана храна за живина и добиток. Целото растение е погодно за производство на биогорива и за таа цел е широко користено во светот.
Добро е за срцето и за коските
– Човекот самиот ја создаде оваа житарка која содржи повеќе протеини отколку пченицата и ‘ржта од кои е направена. Богата е со лизин, есенцијална аминокиселина неопходна за правилен раст и развој, како и за производство на енергија. Тритикале се користи во прехранбената индустрија и има својства што овозможуваат правење на поголем број производи за исхрана на луѓето во споредба со пченицата. Тритикале се смета за житарка на иднината. Има поголема енергетска вредност од пченката и првично се користела само како храна за добитокот. Во последно време, сè повеќе се воведува за употреба кај луѓето и се комбинира со пченично брашно – вели нутриционистката д-р Бранислава Теофиловиќ од Одделот за фармација на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад, автор на десетици публикации од оваа и слични области.
Извор:dobrojutro.co.rs
