Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали шише вино што поминало 14 месеци во вселената може да се продаде за еден милион долари?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Дали шише вино што поминало 14 месеци во вселената може да се продаде за еден милион долари?
Магазин

Дали шише вино што поминало 14 месеци во вселената може да се продаде за еден милион долари?

Објавено 05/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Аукциската куќа Christie`s ставила на приватна продажба шише француско вино кое, како дел од експериментот на лозовите насади во Бордо, 14 месеци созревало во орбитата на Земјата, а се проценува дека цената би можела да достигне еден милион долари.

Оваа понуда на виното „Петрус“ берба 2000 година, ексклузивно црвено вино од светска класа произведено од грозје „мерло“ во винскиот регион Померол во Бордо, беше објавена во вторникот во Лондон, пренесe Декантер.

Приходот ќе биде наменет за приватната европска ракетна компанија „Space Cargo Anlimited“, која лансирала 12 шишиња „Петрус 2000“ на пат кон Меѓународната вселенска станица во ноември 2019 година, како дел од серијата експерименти во лозарството и микрогравитацијата.

Десетина шишиња „Петрус“ биле вратени на Земјата од вселенската станица во јануари годинава во товарната капсула „Спејс Икс“ откако поминале скоро 440 дена во орбитата, на оддалеченост од 300 милиони километри од Земјата.

По враќањето во Бордо, било отворено едно шише вино на Институтот за истражување на вино и винова лоза, а десетина водечки енолози го споредиле вкусот со примерок од „Петрус“ од истата берба кое созреало на Земјата.

Двата примерока биле оценети со 98 поени, иако експертите тврдат дека почувствувале разлика во вкусовите.

Од „Christie`s“ навеле дека во рамки на приватната продажба, едно шише од „вселенската колекција“ е понудено за продажба веднаш, заедно со шише од оригинален „Петрус 2000“, плус декандер, сет чаши и отворач за тапи направен од метеорит.

Едно шише од бербата „Петрус 2000“, од ​​имотот од 28 хектари што произведува само околу 30.000 шишиња годишно, обично чини 5.366 американски долари, а едно е продадено на аукција во 2018 година за 51.660 американски долари.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:petrusвинопетрус
Претходен напис Тритикале – житарка на иднината
Следен напис Во ХС „Злетовица“ ќе се инвестираат повеќе од 40 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?