Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прелева браната Глажња во Липковско, но состојбата е под контрола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прелева браната Глажња во Липковско, но состојбата е под контрола
Агровести

Прелева браната Глажња во Липковско, но состојбата е под контрола

Објавено 05/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почна да прелева браната Глажња во Липково, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Оттаму смируваат дека состојбата е под контрола.

– Поплави нема да се случат, сепак ова е мала количина на вода која прелева, речните корита од браната Глажња сè до „Митев мост“ во Куманово, целосно се расчистени, проширени, нема да има никакви проблеми, изјави директорот на подружницата, Оливер Илиевски.

Капацитетот на браната Глажња е 24 милиони, а капацитетот на браната Липково е 1,5 милиони метри кубни вода

– Кумановци ќе имаат доволно вода за пиење, а земјоделците за наводнување, изјави Илиевски.

Тој додаде дека и за време на зимскиот период била доставена потребната количина на вода која ја барало ЈП „Водовод“ Куманово и најави дека ќе продолжи со истиот принцип на работа и во наредниот период.

„Кумановско-липковско поле“, според него, е подготвено да испорача 250 литри вода во секунда во секој момент, така што проблеми со водоснабдување градот нема да има.

Лани, според податоците на претпријатието, браната беше полна само 60 проценти или околу 18 милиони, а годината завршила со 12 милиони метри кубни вода. Илиевски појаснува дека е направен систем на наизменично вклучување и исклучување на вода за наводнување по села.

– За три и пол години направивме околу 400 интервенции на системот за наводнување и сега немаме непотребни загуби на вода. Ја сменивме целокупната инсталација на браната Липково, во тек сме да ја смениме електричната инсталација на браната Глажња. Очекуваме за некој ден да се подготви тендерската документација за проектза санација на главниот затворач на браната Глажња кој не е саниран веќе 30 години. Очекуваме и ова да го завршиме во тековната година, изјави Илиевски.

Тој информираше дека завршена е тендерската постапка преку АД Водостопанство Скопје, преку МЗШВ за набавка на резервни делови.

– Ние се соочуваме со проблем од 2001 година имаме недостаток на резервни делови т.н шибери на секоја шахта, сега ќе се набави поголема количина, така што и на самите вработени и на земјоделците ќе им се олесни дотурот на вода, изјави Илиевски.

Браната беше преполна и последен пат прелеваше во 2018-та година. 

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:глажњалипковско
Претходен напис Се очекува продолжување на активностите за отстранување на дивоградбите од брегот на Охридското Езеро
Следен напис Тритикале – житарка на иднината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?