17-та Конференција на министрите за земјоделство во Берлин која што се одржува во рамките на Глобалниот форум за храна и земјоделство.
Форумите се одлична можност да се остварат контакти со колегите и да се разменуваат идеи. Преку заедничка соработка може да делуваме на предизвиците со кои што се соочуваме, напиша на ФБ министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Денеска се говореше за глобалниот економски систем, кој во голема мера се потпира на необновливите фосилни ресурси и се соочува со значителни предизвици – климатска криза и закани за безбедноста на храната.
Биоекономијата нуди вистинска можност која што може да помогне да се премине кон поотпорен систем, систем кој ќе ги зачува ресурсите.
Иновативните решенија во рамките на биоекономијата се клучни за справување со овие предизвици.
Додека ги градиме глобалните политики, потребно е истите да се имплементираат локално. И затоа е потребна е стратегија за борба против загубата и фрлањето храна.
