Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Мерката „Млад земјоделец“ ќе ја има и во новата програма, креираме и други мерки да ги мотивираме младите да се занимаваат со земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Трипуновски: Мерката „Млад земјоделец“ ќе ја има и во новата програма, креираме и други мерки да ги мотивираме младите да се занимаваат со земјоделство
Субвенции

Трипуновски: Мерката „Млад земјоделец“ ќе ја има и во новата програма, креираме и други мерки да ги мотивираме младите да се занимаваат со земјоделство

Објавено 29/11/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Старее популацијата во земјоделскиот сектор, ова е ситуација кај нас но и во земјите од Европската Унија. Според најнови информации, фантастични 25 милијарди евра следните години ќе одвои ЕУ за поддршка на младите земјоделци.

Според изјавите на министерот за земјоделство, Цветан Трипунуновски за Агротим, и кај нас Владата сериозно се фокусира на поддршка на младите земјоделци со носење на мерки кои треба да ги мотивираат да се занимаваат со земјоделско производство.

АГРОТИМ:Најавивте нови мерки и програми за директна поддршка на земјоделците, особено младите. Знаеме дека старее популацијата во агросекторот. Дали може нешто поконкретно да ни кажете во врска со ова, затоа што постои голем интерес од страна на младите земјоделци?

ТРИПУНОВСКИ: Како што знаете јас сум постојано на терен и имам директна комуникација со земјоделците и се согласувам со вас дека старее популацијата во агросекторот од една страна, а од друга страна се помалку млади ја превземаат работата на родителите или пак отвораат нов сопствен агро-бизнис. Затоа и во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, како во претходните години така и во новата буџетска година останува мерката 112 „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделско производство“ кои ќе  користат финансиска поддршка. Исто така морам да истакнам дека во дел од мерките, младите земјоделци  на возраст од 18 до 40 години при бодување добиваат повеќе бодови од другите земјоделци,како зголемен процент при кофинансирање.

Во иднина уште по-посветено ќе се фокусираме на младите кои ќе се вклучат во земјоделството како и креирање на нови мерки кои би биле во нивна корист.

АГРОТИМ: До каде е исплатата на субвенциите, дали ќе се одржи ветувањето до крајот на годината да се исплатат сите заостанати субвенции? Со каква динамика ќе се одвива исплатата?

ТРИПУНОВСКИ: Вие ги следите сите наши активности и ја следите динамиката која ја водиме во поглед на исплаќање на заостанати субвенции  кон земјоделците. Јас неколку пати споменав дека наследивме девастирано земјоделство со повеќе закочени проекти, неисплатени субвенции и плати, претпријатија кои се на работ на егзистенција  и така натаму…  Досега  откако започнав да раководам со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку  Агенција за финансиска поддршка во земјоделстото и руралниот развој имаме исплатено околу две милјарди денари за субвенции кон земјоделците.  Последно исплативме 139.965.962,00 денари, односно, по 3 денари по килограм за остварено и продадено производство на пченица од Програмата за изменување и дополнување на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година. Од агенцијата сум информиран дека се подготвени за сите исплати и во  координација со Министерството за финансии се врши исплатата на субвенциите.

За пет месеци ги исплативме заостанатите обврски кон земјоделците од 2020,2021,2022,2023 година па дури имаше и некои од претходните години. Во наредниот период предвидена е исплата на субвенции од тековната година, нешто што не беше практика  во минатото. Во новата година пред нас не чека многу работа и ќе се потрудиме да ја вратиме довербата кај земјоделците.

Може да ви се допадне

Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Франција и Италија постигнаа договор: Повеќе пари за Заедничката земјоделска политика
БОРЧЕ СЕРАФИМОВСКИ од ЗНАМ ќе биде новиот министер за земјоделсто
Таг:еуземјоделствомеркамлади
Претходен напис Објавени јавните повици за концесии за комерцијален и рекреативен риболов
Следен напис Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?