Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски гостуваше во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа каде информира за моменталните активности на МЗШВ како и плановите околу исплатата на земјоделските субвенции и промените кои ги подговуваат:
-На втората седница на Влада направивме промена на постоечката програма. Ослободивме десет милиони евра за субвенции, пари за субвенции со кои што ги исплативме кон земјоделците. Минатата недела помина ребалансот на буџетот, излезе во службен весник, се обезбедија нови милијарда двесте и педесет милиони денари кои исто така во наредниот период ќе бидат исплатени кон сите категории на земјоделци. Ова се заостанати обврски, за да биде појасно имаме субвенции од некои петнаесет месеци задоцнување кон млеко-производителите.
Имаме субвенции кои не се исплатени повеќе од една година. Ова се што ќе го исплатиме во наредниот период е практично да дојдеме во ситуација се што е по долг од 2023, 2022, 2021 и претходните години да биде се исплатено. 2024 да биде исплатена во првите месеци во 2025. Во постоечката програма која има зголемена бирократија ќе ја намалиме, односно ќе го укинеме она што е дополнително пријавување во месец Декември. Земјоделците треба да ги фокусираме на производство, да ги едуцираме, да им помогнеме со модернизација, додека бирократските процедури треба да ги сведеме на минимум за да не губат време во администрирањето. Од друга страна Министерството со Платежната агенција навремено да ги информира за сите промени, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.
Напишете коментар