Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
Агровести

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 

Последна измена: 21/06/2025 14:39
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

„Тиквешка Ракијада 2025“ се реализира денеска во Кавадарци, доделени беа награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво.  Настанот е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Кавадарци.  

Инаку, ракија од домати и глуварче имаше меѓу мострите за дегустација и оценување во рамки на  „Тиквешка ракијада“, меѓународна манифестација што по трет пат се организираше во градот на грозјето и производи од грозје, Кавадарци, во организација на здружението „Ж’та – македонски ракијари“.

Дегустирањето и оценувањето беше од страна на стручна меѓународна комисија, а меѓу пристигнатите мостри имаше и ракии од смоква, цреша, вишна, слива, кајсија, праска и други овошја. 

-Ни пристигнаа рекордни 230 примероци од земјава и од Полска, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија.  Освен традиционалната бела и жолта ракија од грозје, млада и одлежана, на натпреварот за најдобри ракии во повеќе категории, меѓу другото, добивме и разни видови мастика и узо,  ракии од круша. Тука се и ликерите од орев, праска, диња, вишна, дуња, малина, појасни за МИА Панче Арсовски, претседател на здружението.

Во категорија на останати специјални ракии, доставени беа мостри на ракија од домати, смрекови врвови, глуварче, траварица, сува смоква, пелинковец, медова ракија. 

Она што ги изненадило организаторите и жири-комисијата е фактот што на натпреварот пристигнала и словенечка мостра, светло зелена ракија од коноп или канабис. Тие се потсетија дека мината година исто така имаа несекојдневен примерок хрватски ликер од јајца на потполошка, што годинава добил високи оценки на престижен фестивал во странство. 

Доделувањето на наградите на најдобрите ракијари, мали производители на ракија,  беше во амбиентот на Вински музеј, во градскиот парк во Кавадарци. 

МИА

Може да ви се допадне

Со бројни поволности преку ЕУ фондовите до забрзан развој на општините
Производителите на градинарски култури ги бараат субвенциите по произведен килограм пипер
Тужба за Владата: Жените земјоделки приморани да бараат субвенции за крава, трактор и бебе
Започна првата берба на овогодишниот планинскиот чај во село Тумчевиште
Трипуновски: Имаме сериозен раст на извозот на земјоделски производи
Таг:доделени наградиКавадарциРакијада
Претходен напис Најмногу дожд наврна во Охрид
Следен напис Трипуновски: Има голем интерес за мерката за враќање на младите во селата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?