Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: До крајот на годината ќе имаме уште една тура на исплата на субвенции, ќе има и засилени контроли каде завршуваат парите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Трипуновски: До крајот на годината ќе имаме уште една тура на исплата на субвенции, ќе има и засилени контроли каде завршуваат парите
Субвенции

Трипуновски: До крајот на годината ќе имаме уште една тура на исплата на субвенции, ќе има и засилени контроли каде завршуваат парите

Објавено 03/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Изминатиот период за жал многу повеќе се зборуваше, а многу малку се реализираше околу субвенциите. Нашето предизборно ветување и наша обврска е редовна исплата на субвенциите кон земјоделците“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

„Имаме речиси покривање на сите гранки во земјоделскиот сектор. Денеска имаше исплата од 166.704.501,00 денари кон 3.509 корисници за дополнителна државна помош од 20% за носители на земјоделски стопанства. И исто така се исплатија и 16.724.726,00 денари кон 6 корисници за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства. До крајот на годината ќе имаме уште една тура на исплата на субвенции со тоа ќе бидат исплатени субвенции од тековната 2024 година“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски потсети дека до пред некој период се исплаќаа субвенции од 2021, 2022, 2023 година.

„Со финансиската конструкција која што ја обезбедивме ги покриваме сите заостанати долгови. И во 2025-та ќе влеземе многу растеретени односно со тековни исплати на субвенциите согласно календарот“, нагласи министерот.

Тој посочи дека веќе се работи на програмите за субвенционирање, директните плаќање каде што ќе има одредена модификација се со цел субвенциите да имаат ефект. Со тоа ќе се превенираат и злоупотребите кои во минатото се случувале.

„Ќе има засилени контроли. Веќе разговарав со директорот на Платежната агенција и со директорот на Земјоделскиот инспекторат, капацитетите на Земјоделскиот инспекторат односно инспекторите кои што се во таа институција да се стават дополнително во функција на Платежната агенција, што ќе значи максимално превенирање на злоупотреба на финансиски средства“, потенцираше министерот Трипуновски.

„Ние ќе обезбедиме и зголемена поддршка во наредниот период меѓутоа и максимално ќе се вложиме во затворање на оној т.н. вентил на непродуктивни трошења, злоупотреби во тој дел“, појасни тој.

Министерот додаде дека целта е парите да стигнат навремено во вистинските раце, т.е. во рацете на земјоделците.

Може да ви се допадне

Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Исплатени 13 925 888 денари на 85 производители на тутун
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ НА ОРГАНСКИ производители на сертифициран материјал, органски производи и насади
(ВИДЕО) Мицкоски најави исплата на сточарите по сите основи, а потоа контрола – Пријавувани се приноси што ги нема никаде во светот
Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури на отворено и во пластеници за 2026
Таг:годинаисплатаСубвенциицветан
Претходен напис ЗК Пелагонија: Пелагонискиот регион е побогат за нови 66 Холштајн јуници, со високо млечна генетика
Следен напис Мевлан Морина – Нов заменик директор на АФПЗРР
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?