Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Три здравствени придобивки од гравот кои вреди да ги знаете
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Три здравствени придобивки од гравот кои вреди да ги знаете
Магазин

Три здравствени придобивки од гравот кои вреди да ги знаете

Последна измена: 05/12/2019 13:11
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Кое е вашето омилено јадење? Можеби традиционалното гравче тавче? Освен што е многу вкусен и може да се приготвува на безброј начини, нутриционистите го вбројуваат гравот меѓу најздравите намирници. И тоа од повеќе причини! Ви откриваме три здравствени придобивки од гравот кои вреди да ги знаете.

Го чува здравјето на срцето и крвните садови

Гравот е одлична намирница за подобрување на здравјето на срцето. Тоа се должи на богатството на растителни влакна кои помагаат за намалување на холестеролот и фолната киселина која ја намалува концентрацијата на хомоцистеинот во крвта, зашто тој ги оштетува ѕидовите на артериите. Полифенолите кои се наоѓаат во состав на гравот го штитат холестеролот од оксидација, а со тоа помагаат во спречувањето на артериосклерозата.

Под стрес сте? Направете го вашето омилено јадење со грав

Ако сте под стрес, направете ручек со грав. Гравот содржи големи количини на магнезиум, минерал кој помага за намалување на стресот. Освен тоа, магнезиумот е значен за здравјето на нервите и мускулите, а е неопходен и за здрави коски.

Гравот може да ви помогне за полесно намалување на вишокот на килограми

Јадењата приготвени од грав се богати со протеини и растителни влакна, а содржат малку калории. Покрај тоа, алфа – амилаза инхибиторите во гравот му помагаат на организмот да го регулира складирањето на маснотии во телото. Одлично дополнение на оваа придобивка е тоа што гравот има низок гликемиски индекс и овозможува полесно намалување на телесната тежина.

Што треба да знаете при изборот и чувањето на гравот?

При купувањето на грав, добро погледнете ги семките. Најдобро е да набавите пакуван грав кој не бил изложен на влага или оштетен од инсекти. Семките треба да бидат цели и да не се напукани. Од нашето искуство би можеле да го препорачаме гравот на Сончева Долина. Тој е со препознатлив квалитет и извонредни нутритивни карактеристики, кои може да ги погледнете на следното видео:

https://www.facebook.com/SoncevaDolina/videos/10156139073763327/

А за да ги сочувате квалитетот и искористите здравствените придобивки, важно е правилното чување на гравот. Тој треба да се чува во херметички затворени садови, на ладно, суво и темно место.

Изберете дел од палетата на природни вкусови и бидете здрави!

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:гравпридобивкиСончева Долина
Претходен напис Бочварски: „Славик Фарм“ е позитивен пример на успешна земјоделска фарма која користи европски фондови
Следен напис 467 милиони евра ќе им бидат исплатени на европските земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?