Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Три нови услуги на порталот uslugi.gov.mk. со кои се заокрижува пакетот услуги за високото образование
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Три нови услуги на порталот uslugi.gov.mk. со кои се заокрижува пакетот услуги за високото образование
Агровести

Три нови услуги на порталот uslugi.gov.mk. со кои се заокрижува пакетот услуги за високото образование

Објавено 03/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Образец за дипломирани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи,образец за лица што стекнале назив магистер/специјалист и образец за лица доктори на науки што одбраниле докторски труд – се трите нови електронски услуги достапни на националниот портал е-услуги – uslugi.gov.mk (линк https://uslugi.gov.mk/ ).

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на промоцијата заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, по повод пуштањето во функција на новите електронски услуги, рече дека со овие три услуги целосно се затвора пакетот услуги за високото образование.

– Со ова се олеснува начинот на запишување и студирање на сите три циклуси на стдуии на факултетите. Наша задача е да ја обезбедиме платформата, а институциите како ДЗС покажуваат колку таа може да биде корисна – изјави Андоновски.

Со новата услуга, времето на пополнување од 10 минути за студентите, Андоновски рече дека се намалува на минута до две, со оглед дека сега откога ќе се отвори образецот, веќе е предпополнет со податоци што се достапни во базите на податоци.

Андоновски нагласи дека порталот за електронски услуги веќе е стабилизиран на бројка од 10 илјади услуги, кои се даваат на граѓаните на месечно ниво, што е раст од 10 пати, ако се знае дека почнавме со бројка од 1.400 услуги.

Директорот на Државниот завод за статистика, Станков, на промоцијата рече дека трите нови услуги од областа на високото образование се пуштени во употреба веќе од 1 април и достапни на електронскиот портал за е-услуги.

– Со нивното воведување се овозможува побрзо, поефикасно и поедноставно пополнување и доставување на потребните информации, без административни бариери и со значително заштедено време. На овој начин и Државниот завод за статистика многу побргу прибира податоци – изјави Станков.

Тој најави дека многу бргу ќе бидат достапни и нови услуги, како што е бројот на новозапишани студени.

Услугите, како што беше посочено, имаат цел да го поедностават и да го дигитализираат процесот на доставување статистички податоци за завршени нивоа на високо образование. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:uslugi.gov.mk.нови услугиобразованиепакетот
Претходен напис Претседателот на комората, Азески, на работна средба со градоначалникот на Битола
Следен напис Нов повик за инвертер-клими: Првпат целосно електронско аплицирање – без редици, брза едноставна постапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?