Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Претседателот на комората, Азески, на работна средба со градоначалникот на Битола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Претседателот на комората, Азески, на работна средба со градоначалникот на Битола
Агровести

Претседателот на комората, Азески, на работна средба со градоначалникот на Битола

Објавено 03/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ќе реализира работна средба во општина Битола со градоначалникот д-р Тони Коњановски, на која ќе се разговара за активности кои треба да се преземат на локално ниво, за развој на стопанството во битолскиот регион. Патната и гасна инфраструктура, како клучни приоритети во интерес на бизнисите се тема на состанокот, на кој ќе присуствуваат и  членовите на Управниот одбор на Регионалната комора во Битола, при Стопанската Комора.

Во делот на гасификацијата, досега е завршен главниот магистрален гасовод Неготино-Битола во должина од 92 километри, и потребно е да се отпочне со изградбата на примарната (дистрибутивна) гасификациона мрежа во градот, за кои што општината веќе има изработено основни проекти.

РЕК Битола како клучен инфраструктурен индустриски капацитет во целиот регион,  придонесува со околу 65% од вкупното производство на електрична енергија во државата, а заклучно со декември 2025 година, на територијата на општина Битола инсталирани се околу 120 приватни фотонапонски централи, дел на кровни конструкции на компаниите (под еден мегават), дел на почва (исто така до еден мегават електрична енергија). Се проценува дека приватните инвеститори имаат вкупна инсталирана моќност во битолскиот регион од 35-45 мегавати.

Потребите од кадар за бизнисот остануваат во фокусот на врните прашања за кои секојдневно се разговара и се иницираат активности од страна на бизнис заедницата. За таа цел бројќите покажуваат дека, во средните училишта во Битола и околина има околу 4.000 запишани ученици од кои половина во средните стручни училишта. Битолскиот регион има околу 5000 правни субјекти и придонесува со 9 до 10% во Бруто домашниот производ на нашата држава. Како дел од коридорот 10, патната и железничката инфраструктура во регионот е од суштинско значење, односно реализација на автопат Прилеп – Битола 40 километри и обиколница Битола – Меџитлија 19 километри.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:АзескиБитолакоморатаработна средба
Претходен напис Денеска се ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ за ОВЦИ за 2025 година
Следен напис Три нови услуги на порталот uslugi.gov.mk. со кои се заокрижува пакетот услуги за високото образование
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?