Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов повик за инвертер-клими: Првпат целосно електронско аплицирање – без редици, брза едноставна постапка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Нов повик за инвертер-клими: Првпат целосно електронско аплицирање – без редици, брза едноставна постапка
Јавни огласи и повици

Нов повик за инвертер-клими: Првпат целосно електронско аплицирање – без редици, брза едноставна постапка

Објавено 03/04/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување инвертер-клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

– Првпат процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо досегашното доставување документи во хартиена форма и чекање пред архиви, апликантите ќе може да го завршат целиот процес онлајн – брзо, едноставно и без непотребни административни бариери. Ова претставува конкретен чекор кон дигитализација и модернизација на јавните услуги, со јасна цел – институциите да бидат поблиску до граѓаните и нивните реални потреби. Начинот на аплицирање ќе биде детаљно објаснет и јавно достапен за да се обезбеди еднаков пристап за сите заинтересирани – велат од Министерството.

Јавниот повик се спроведува во согласност со програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година и предвидува доделување ваучери за набавка и вградување инвертер-клима уреди со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, со што директно се придонесува кон намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост, кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Право на учество имаат: домаќинства со лица корисници на надоместок заради попреченост, чиј вкупен месечен нето доход во 2025 година не надминува: 30.000 денари за едночлено домаќинство, 45.000 денари за домаќинство со два члена, 63.000 денари за домаќинство со три члена, 83.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена (во пресметката не се вклучува надоместокот заради попреченост). Право да учествуваат имаат и домаќинства со деца со попреченост (до 26 години), корисници на посебен додаток, со месечен доход во 2025 година до: 45.000 денари за домаќинство со два члена, 63.000 денари за домаќинство со три члена и 83.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена (во пресметката не се вклучува посебниот додаток).

Како што појаснуваат од Министерството, едно лице може да поднесе само едно барање од домаќинство, не се опфатени лица што користат цивилна или воена инвалиднина, корисници на гарантирана минимална помош и додаток за енергенти.

Аплицирањето ќе се врши исклучиво електронски преку платформата www.aplikanti.energy.gov.mk, каде што барателите ќе треба да поднесат комплетна документација, вклучително и изјава заверена на нотар, соодветни решенија за остварени права, лична документација и докази за составот на домаќинството. Доколку апликацијата е некомплетна, ќе се овозможи рок за нејзино дополнување во согласност со законските процедури.

Изборот на корисници ќе се врши врз основа на уредни и комплетни апликации сè до исцрпување на предвидените средства, а Министерството по службена должност ќе врши проверка на податоците преку надлежните институции. Листите на корисници и донесените решенија ќе бидат јавно објавени и доставени по електронски пат.

Јавниот повик со сите информации и рокови може да се најде на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-dodeluvanje-na-potvrda-vaucer-za-kupuvanje-i-vgraduvanje-na-inverter-klima-uredi-za-zastita-na-ranlivi-potrosuvaci-na-energija-za-2026-godina.

Со овој повик, Министерството, како што нагласуваат, продолжува со конкретна поддршка за најранливите категории граѓани, истовремено вложувајќи во енергетска ефикасност, намалување на трошоците за енергија и подобар квалитет на живот. 

МИА

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:електронско аплицирањеинвертер-климинов повикпостапка
Претходен напис Три нови услуги на порталот uslugi.gov.mk. со кои се заокрижува пакетот услуги за високото образование
Следен напис Министерството за финансии: Стабилна реализација на буџетот во првиот квартал, има раст на приходната страна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?