Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици и изгор цени на пазарите на мало
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици и изгор цени на пазарите на мало
Агровести

Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици и изгор цени на пазарите на мало

Објавено 23/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трговците и извозниците од Струмичко стравуваат дека во јули и август ќе бараат килограм повеќе домати и краставици од вториот производствен турнус, бидејќи производството на овие две градинарски култури од година во година постојано се намалува, а во оваа производствена сезона тоа е преполовено.

Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“ таквата  состојба е карактеристична за последните неколклу години и се должи на сменетата структура на градинарското производство.

-Високите откупни цени, но и изгор цените на пазарите на мало, ќе се должат на драстично намаленото производство. Пред неколку години а и лани, во текот на летото, доматите и краставиците се откупуваа по 60-70 денари за килограм, а така ќе биде и годинава. Јас стравувам дека заради тоа ќе нема за извоз, а доматите и краставиците ќе се пласираат на домашниот пазар, но по високи цени, бидејќи градинарите произведуваат количини доволни за нашиот пазар, смета Витанов.

Додава дека намалувањето на производството на доматите и краставиците се должи на зголемените трошоци за нивно одгледување и затоа градинарите се ориентираат на производство на зелка и црвена пиперка за кои не треба поголема инвестиција.

-Во услови кога драстично е намалена понудата која не може да ја задоволи побарувачката, тогаш е нормално да има повисоки цени и затоа односот меѓу понудата и побарувачката е единствениот механизам која ја определува цената, рече Витанов.

Инаку, во Струмичко се задржува трендот на откуп на градинарски култури по растот на цените од пред неколку денови. Доматите се откупуваат за 40 денари за килограм, пиперките 40, а краставиците од 10 до 30 денари за килограм.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:доматикраставициструмичко
Претходен напис Презентација на активностите за производство на квалитетен семенски материјал за пченица
Следен напис Од утре се воведува делумна забрана за движење во шуми и шумско земјиште
1 коментар 1 коментар
  • Dejan напиша:
    на 24/06/2022 г. во 12:23 часот

    vo Kam kg domati se 35 den, i ne moze otkupna cena da bide 40 den, osven aki ne se uvozni. Za nas kako potrosuvaci ne e vazno dali se uvozni ili domasni, vazna e cenata i redivnata ponuda

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?