Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Презентација на активностите за производство на квалитетен семенски материјал за пченица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Презентација на активностите за производство на квалитетен семенски материјал за пченица
Агровести

Презентација на активностите за производство на квалитетен семенски материјал за пченица

Објавено 23/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Презентација на реализираните активности за производство на квалитетен семенски материјал за пченица со поголема отпорност на климатските промени ќе се одржи денеска во организација на Земјоделскиот институт – Скопје при УКИМ и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).

Настанот е во рамки на регионален проект на ФАО за техничка соработка, чија цел е создавање погодна средина за подобрена отпорност на земјоделството на климатските промени во неколку држави од регионот, вклучително и во Северна Македонија.

Поздравни говори ќе имаат Абдулшуќур Абедини, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и  проф. Д-р Виктор Ѓамовски, директор на Земјоделскиот институт Скопје.

На денешниот настан ќе биде презентиран опит со четири сорти есенска пченица (миленка, радика, подобрена оровчанка и осатка), кој е во завршна фаза. Дополнително, ќе им бидат доделени сертификати на земјоделците и земјоделските организации кои учествуваа во неодамнешната серија на обука во рамки на проектот, каде имаа можност да го надградат своето знаење за да остварат оптимални приноси преку производство на квалитетен семенски материјал од пченица и негово прилагодување на климатските промени.

Во соработка со УКИМ Земјоделскиот институт – Скопје, се спроведуваат активности фокусирани на квалитетното семепроизводство за три земјоделски култури (грав, пиперка и пченица) преку демонстративни опити во неколку региони за секоја култура – Кочани, Скопје и Лозово. Преку демонстративните опити се оценува влијанието на климатските промени врз производството во различни услови, како и ефектите од примената на различни агротехнички мерки за зголемување на отпорноста на одгледуваните видови кон климатските промени. До сега на терен се реализирани демонстративни опити со две популации тетовски грав и три сорти пиперки (сиврија, амфора и везен лут), посочуваат организаторите на настанот.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:презентацијапроизводствопченица
Претходен напис 1.3 милијарди денари финансиска поддршка за 17.000 тутунари – МЗШВ целосно ги исплати субвенциите за тутун
Следен напис Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици и изгор цени на пазарите на мало
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?