Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште едно жариште на африканска свинска чума во Србија, донесено ново решение за забрана
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уште едно жариште на африканска свинска чума во Србија, донесено ново решение за забрана
Агровести

Уште едно жариште на африканска свинска чума во Србија, донесено ново решение за забрана

Објавено 02/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради појава на ново жариште со болеста африканска свинска чума во Република Србија и спречување на можноста за евентуално нејзино пренесување и ширење и во Република Севрна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство денес донесе решение со кое го забрани увозот и транзитот на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ Република Србија. Покрај забранетите региони во Србија, од април минатата година (Пиротски, Средно Банатски, Борски, Зајечарски, Подунавски и Град Белград), од денес на листата забранети региони се наоѓа и Нишавскиот регион. 

Во Република Северна Македонија нема евидентирано појава на болеста африкаска свинска чума. 

Заради спречување на нејзина појава и ширење на сила се решенијата за забрана за увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ земјите и регионите каде е потврдено нејзиното присуство. Покрај за Република Србија, донесени и на сила се решенијата за забрана за увоз и транзит на домашни и диви свињи, производи и нуспроизводи од животинско потекло, семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони од свињи, – нуспроизводи и деривати на нуспроизводи од свињи, – свинско месо, производи од свинско месо, преработки од свинско месо, мешовити и други производи кои содржат свинско месо од Германија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, Литванија, Латвија, Естонија, Словачка и Белгија, како и од регионот Сардинија во Италија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:африканска свинска чумадива свињажариштесрбија
Претходен напис Од 43-та седница на Владата: Усвоена Стратегијата за тутун 2021-2027
Следен напис Трета година по ред извозот на руска земјоделска механизација руши рекорди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?