Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Топлото време потенцијална опасност за пожари, полицијата со апел да не се палат огнови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Топлото време потенцијална опасност за пожари, полицијата со апел да не се палат огнови
Агровести

Топлото време потенцијална опасност за пожари, полицијата со апел да не се палат огнови

Објавено 22/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња со цел да се избеге појава на пожари.

Од полицијата потсетуваат дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до осум години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

– Со настапувањето на значително повисоките температури, покрај другото, ќе се зголемат и потенцијалните опасности за настанување пожари и во Полошкиот регион. Ова, дотолку повеќе што на подрачјето има бујна вегетација, забележително е зголемена вкупната раздвиженост и поради тоа неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец. Покрај ова, на оние кои деновиве ќе престојуваат на излетничките места во регионот, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои многу брзо можат да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од несакани размери. На граѓаните им се советува, исто така, на отворен простор да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово потенцираат дека веќе се преземаат координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пожари
Претходен напис Во петок и сабота во Кочани ќе се реализира авионско и прскање од земја против комарци
Следен напис (ВИДЕО) Бачовски: Крајот на месецов, или почетокот на јули ќе биде објавен повикот за Мерка 7 од ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?