Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бизнис план, еден од условите за да добиете земја под концесија – еве како се изработува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Бизнис план, еден од условите за да добиете земја под концесија – еве како се изработува
Растително производство

Бизнис план, еден од условите за да добиете земја под концесија – еве како се изработува

Објавено 04/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секоја идеја која ја имате независно од тоа дали станува збор за почетна инвестиција или пак посточеки бизнис налага потреба од изготвување на бизнис план. Иако звучи комплицирано, сепак се работи за една многу едноставна работа во која на јасен и директен начин треба да ги искажете вашите планови,кои начини и методи ќе ги употребите доколку добиете земјоделско земјиште под закуп и како сето она што го планирате и замислувате ќе се оствари во наредниот период.

Овој бизнис план, всушност треба да бидете вие, да размислете колку можете гледајќи реално на состојбите , вашите можности и шанси да успеете, целта за која ќе го користите земјиштето кое го барате под закуп и она што очекувате како бенефит, односно прозводно – економски резултати од вашиот труд.

Мора да напоменеме дека овој пишан документ или т.н бизнис план е многу важен за вас но и документ кој во иднина ќе ви биде потребен кога ќе имате потреба за финансиска поддршка, заем или пак апликација за кредит.

Бизнис планот треба да опфаќа основни податоци за семејството, техничко -технолошката опременост, целта за која ќе го користите земјиштето и пазарните аспекти и износ на планирана инвестиција. Овде најчесто се поставуваат прашањата, на кого ќе го продадам производот, по која цена, како и на кој начин, со што автоматски се стигнува и до делот за финансиите. Овој дел од бизнис план всушност укажува на проценките, резултатите кои ги очекувате откако ќе ја реализирате вашата идеја и ефектите од тоа.

Закупецот е должен на секои пет години да доставува извештај до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за реализација на бизнис планот, односно програмата од членот 25 на овој закон за користењето на земјоделско земјиште во државна сопственост кое го користи под закуп.

Многу е важно ако земјоделскиот производител како закупец не го остварува бизнис планот, земјоделското земјиште се користи спротивно на прописите за заштита на животната средина и доколку се утврди дека е дадена лажна изјава тогаш се раскинува договорот за закуп.

Во случај доколку дојде до раскинување на договорот, закупецот е должен со записник записнички да го предаде во владение земјоделското земјиште во државна сопственост по собирање на тековната реколта, но не подолго од една година од денот на раскинувањето на договорот и да ги отстрани насадите и останатите движни и недвижни ствари.

Доколку закупецот во предвидениот рок не постапи по ова и не ги отстрани насадите и останатите движни и недвижни ствари, Министерството ќе го одземе владението, истите ќе ги отстрани на сметка на дотогашниот закупец.

Закупецот чиј договор е раскинат согласно со ставот 1 од овој член нема право да учествува на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп во наредните пет години.

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:бизнис планземјаземјоделецконцесијауслови
Претходен напис Европската комисија формираше Опсерваторија за пазарот на овошје и зеленчук
Следен напис Топ 5 зачински растенија кои може да се одгледуваат во домот
2 коментари 2 коментари
  • Stuhi напиша:
    на 22/07/2021 г. во 01:40 часот

    Mi treba biznis plan za da apliciram na javen konkurs za zakup na javno zemjiste

    Reply
    • agrotim1 напиша:
      на 27/07/2021 г. во 22:47 часот

      Почитуван, јавете се на 071 381 453 – Агрокултура консалтинг, тие изработуваат бизнис планови и апликации. Поздрав

      Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?