Тисата добро поднесува осветлени простори, а не е пребирлива ни кога станува збор за земјиштето. Отпорна е, витална и лесно се прилагодува на тешките градски услови.
Карактеристики
Тисата (Taksus bakata) повеќе потсетува на густа грмушка отколку на дрво. Нејзината форма е широко заоблена и зависно од хортикултурните форми може да биде стеблеста, јајцевидна, полегната и слично. Тисата е дводомен вид со темнозелена боја. На женските примероци се јавуваат црвени бобинки, во градината достигнува височина до 5 метри, а во природа и до 20 метри. Бидејќи по природа не е дрво со големи димензии, тисата е погодна и за мали градини.
Предности: расте бавно, одлично ја поднесува резидбата. Со резидбата можеме да започнеме порано кај малдите и потенки гранки водејќи сметка да не ја нарушиме основната форма. На овој начин добиваме компактно растение (со збиени, непровидни четини), која потсетува на скулптура. Столбестата тиса (Taksus bakata fastigiata) не е потребно да се реже.
Тисата е идеална за подигнување на живи огради, не треба да се сади како самостојно растение, туку во група со пониски зимзелени растенија, ниски гранки кои цветаат, рози. Ако садите само тиса, се препорачува садење во групи од 3 до 5 парчиња, зависно од формата, со посветли листокапни видови во позадина.
Има само осум видови тиса. Кај нас во расадниците може да се пронајдат повеќе форми: Aurea – џбунеста форма со златножолти млади фиданки, Fastigiata – овална форма со паралелно исправени гранки, височина 3-5 см, Fastigiata Aurea – слична на претходната, но побавен раст, младите четини имаат жолта ивица.
Народни верувања
Народното верување вели дека тисата штити од лоши духови, па во краевите каде што растела, народот нејзиното дрво го шиел во облеката или ја носел закачена на врат во форма на крст. Од дрвото тиса се правеле лажици, стапови и ѓердани. Волшебната моќ на тисата се објаснува со нејзината долговечност, бидејќи може да се живее и повеќе од илјада години.
Тисовото дрво е тешко, цврсто и еластично. Тешко се цепи, но површината многу добро се обработува. Најчесто се користи во уметничко столарство, за стругарски и резбарски работи, за столбови, изработка на дрвени садови и прибор за јадење. Некогаш нејзиното дрво се употребувало во бродоградба и за изработка на славини на бурињата. Се смета дека масовната сеча и употребата на тиса, како и народните верувања во нејзината заштитничка моќ, речиси придонесува за нејзино истребување.
Извор: rasadnikvasic.rs
